Реакција

Бришковска за сведочењето на Нинџа: Неточен и невистинит исказ

Не бев во штабот на ВМРО-ДПМНЕ од каде што наводно се планирале настаните на 27 април минатата година. Запрепастена сум од невистинитоста на исказот на Александар Василевски-Нинџа. Целосно е неточен. Ова е реакцијата на поранешната заменичка министерка за правда Билјана Бришковска- Бошковска по вчерашното сведочење на обвинетиот Василевски за настаните во Собранието на 27 април минатата година.

Бришковска демантира дека била дел од штабот на ВМРО-ДПМНЕ од каде што се планирале настаните на 27 април. Во сведочењето на Нинџа се вели дека таа дента, на 27 април, била во партискиот штаб, од каде што заедно со неколкумина високи претставници на ВМРО-ДПМНЕ биле планирани насилствата во зградата на законодавниот дом. Тој ја обвини Бришковска дека таа ја дала наредбата да се отворат вратите од Собранието по што толпата да влезе во Собранието.

Според Законот за вработените во јавниот сектор, службениците можат да примаат подароци во вредност до 3000 денари годишно, што се смета за „пониска вредност“.

повеќе

Кинеското присуство во Македонија не треба да се преценува или стигматизира, туку да се искористи,

повеќе

Земјите од Западен Балкан се соочуваат со нов безбедносен предизвик: дерадикализација и реинтеграција на повратниците.

повеќе