Нинџа сведочи

„Бришковска му нареди на Вељаноски да се отворат вратите на Собранието“

Првото сценарио на 27 април не било успешно, односно пратениците „не успеале“, бидејќи немало инцидент. Ова, според исказот на Александар Василевски-Нинџа, му го кажала Билјана Бришковска на тогашниот претседавач на Собранието, Трајко Вељаноски. Нинџа посочи дека ова го слушнал како телефонска комуникација, која на 27 април се одвивала на осмиот кат во штабот на ВМРО-ДПМНЕ.

„Бришковска му се јави на Трајко и му кажа да се отворат вратите на Собранието. Јас бев известен од директорот Владимир Атанасовски околу 19.15 часот да одам на терен и да го известувам за тоа што се случува. Атанасовски се симна со мене и рече дека е известена и службата за прикриени операции и дека имало контакт со ‘Тројка‘, мислејќи на Никола Митревски-Кољо. Ми рече дека кај Градска болница ќе ме чека и Никола Бошкоски и тргнавме пешки заедно со Веле Петрушевски“, раскажа Нинџа.

Билјана Бришковска

Пет минути по добиеното известување од Атанасовски, кај Градска болница во „опел вектра“ со ротација пристигнале Боксер и Бошкоски.

Нинџа рече дека состојбата ја надгледувал заедно со Веле Петрушевски од кај Градска болница кога на мобилен телефон добиле информација од Кољо дека луѓе во Собранието тепаат пратеници и дека внатре е хаос. За ова Бошкоски го известил Владимир Атанасовски и му кажал дека состојбата во Собранието е хаотична. Атанасовски, пак, му кажал на Бошкоски дека во тој момент на осми кат во штабот, од каде што според исказот на Нинџа, стасувале наредбите за дејствувањето во Собранието, бил и Борис Јосифовски, шефот на кабинетот на претседателот Ѓорге Иванов, и дека може да биде прогласена воена состојба.

К.Д.

 

Миграција со достоинство (#WithDignity) е темата на Меѓународниот ден на мигрантите 2018 година, кој го одбележуваме во вторник (18 декември).

повеќе

Без оглед на фактот што од постоењето на уметноста постои и теорија и приказна за тоа, уметничкиот процес останува крајно неразбирлив.

повеќе

Што е потребно младите велешки занаетчии да не станат самоубиствени гемиџии, туку да ги тераат своите замисли напред.

повеќе