Ќе има ли „Двојник 2“?

Бразилските служби во потрага по Вурмо Таќо, Јорданецот со македонски пасош и познат шверцер на кокаин на Балканот

Бразилските служби веќе подолго време се во потрага по Јорданецот Валид Иса Хамаис кој во еден период со македонски пасош успешно со тони шверцувал кокаин од Бразил по балканските држави. Криминалната мрежа на Хамаис или на македонскиот државјанин Вурмо Таќо, лажниот идентитет на Јорданецот сѐ уште предизвикува сериозни проблеми во Бразил, пишуваат тамошните медиуми. Таќо од јули 2020 е во затвор во Турција. Tој или Хамаис, е само еден од 215-те лица на кои македонското МВР така лесно им издаваше документи.

Аферата „Двојник“ експресно заврши со пресудата против 11 лица, главно службеници вработени во МВР, но иако обвинителството вети дека истрагата продолжува, засега нема никакви официјални информации за размерите кои ги предизвика овој случај.

Во Бразил Хамаис се смета за главниот посредник за префрлање на кокаин кон балканските нарко групи. Во моментов се работи на идентификување на криминалната мрежа на Хамаис и се бараат детали за неговите соработници во Македонија кои така лесно му го овозможиле непреченото патување по светот – нов идентитет, негова фотографија, без никакви полициски аларми за дополнителни проверки по граничните премини. Регистрирани се веќе податоците дека Таќо два пати полетувал од скопскиот аеродром на летови за Истанбул. На македонска територија користењето на исправа со невистинита содржина се смета за кривично дело. Засега нема никакви индиции дека се води каква било истражна или предистражна постапка за ова лице и за тоа кој сѐ бил замешан во организацијата на добивање на македонски пасош, на име на лице, македонски државјанин по потекло од Корча, Албанија.

Хамаис се смета за клучниот играч во Бразил за транспортот на кокаинот во Италија и Источна Европа. Се смета дека Хамаис може да даде непроценливи информации за мафијашките групи од целиот свет. Од 2015 до 2017 година Хамаис бил инволвиран во шверцот на 8 тона кокаин за европскиот пазар, пишуваат бразилските медиуми. Според истрагите на бразилските и италијанските служби Хамаис ги координирал пратките на кокаин за италијанската мафија Ндрангета и за црногорскиот клан Шариќ.

Валид Иса Хамаис на 9 јануари 2019 година дошол во Скопје, во регуларна постапка, се сликал во управните служби на МВР, а потоа си го земал македонскиот пасош со украден идентитет на Вурмо Таќо, роден 1965 година. Јорданецот Валид Иса Хамаис е познат во Италија и Латинска Америка. Тој е роден во Јордан во 1961 година и познат како како „Палестинецот“ затоа што бил член на популарниот палестински фронт. Хамаис „кариерата“ ја почнува во „Ндрангета“ во средината на 80-те години на минатиот век. Тој неколку пати беше суден за дела поврзани со трговија со дрога во јужна Италија.

А.Д.

Министерството за финансии во изминатиот период активно работеше на реформа за унапредување на фискалната децентрализација, која нуди сериозно системско решение за стабилни финансии на општините кои ќе значат одговорни општини и испорака на квалитетни и ефикасни услуги за граѓаните. 

повеќе

Либералната империјалистичка доктрина на Америка е одговорна за ужасниот масакр во места како Виетнам, Ирак и Централна Америка. Но Америка, исто така, произведе либерална антиимперијалистичка доктрина што останува затскриена во една ТВ-серија што ја восхитува американската публика уште од 1966 година.

повеќе

Граѓани, бегалци, мигранти, веќе не ни е важно – се чини дека никој не гледа светла иднина за себе во Албанија.

повеќе