Оштетениот за предметот што го отвори СЈО

Бошкоски очекува осудителна пресуда за обвинетите во „Тортура“

Поранешниот министер за внатрешни работи, а денес оштетен во случајот „Тортура" на СЈО, Љубе Бошкоски изјави дека очекува осудителна пресуда за овој предмет. Но, Бошкоски не изостави да го спомене и процесот за случајот „Кампања" за кој беше осуден и одлежа затворска казна од 5 години.

Бошкоски нагласи дека државниот ревизор откри 400.000 евра непокриени во кампањата на ВМРО-ДПМНЕ за претседателските избори чиј кандидат беше Гордана Сиљановска Давкова.

„Денес, зад мене се актерите на „Тортура", моите прогонители и сите тие луѓе кои во еден монтиран полициско-политички процес „Кампања" за кои целата домашна и меѓународна јавност го осуди како монтиран политички процес, денес се води постапката за моето мачење, за ова што беше како последица на „Кампања". Но денес, сакам исто така да истакнам дека сме сведоци на еден парадокс. Пред некој ден, истиот државен ревизор кој во 2011 година оцени дека политичката партија Обединети за Македонија кампањата ја водела согласно законот за избори, истиот тој државен ревизор најде пред некој ден во кампањата за Претседателските избори во 2019 годината за Гордана Силјановска Давкова дека 400 000 евра се непокриени. На тој начин е извршено кривично дело за кое се надевам дека против актерите, пред се, против потписникот на извештаите, на кампањата, Јанушев и другите, во една транспарентна судска постапка ќе се докаже дека извршиле дело спротивно на изборниот законик", изјави Бошкоски.

Тој додаде дека во ниту еден случај не се докажало дека тој имал допир со парите и повтори дека е уапсен за монтирано дело.

„Во мојот случај во 2011 година, ниту форезничарите од Гордана Јанкулоска која ја гледам зад мене, ниту докажаа, дека јас на ниту кој било начин сум имал допир со парите, ниту докажаа дека тие пари се употребени во „Кампања" и ме апсат за монтирано дело по завршувањето на кампањата и ме осудуваат на 5 години затвор. Очекувам дека органите на прогонот, но во една транспарентна судска постапка, ќе спроведат истрага и доколку ја докажат вината, виновниците ги изнесат пред судот за овие 400 000 евра кое е скандалозно и тешко кривично дело или ако се докаже нивната невиност, да не се постапува вака повеќе и да не се повторува историјата", изјави Бошкоски.

Јавното здравје и економијата одат заедно и во време на пандемија, па затоа најдобриот начин да ѝ се помогне на економијата во оваа криза е ако се воведат адекватни рестрикции за пандемијата да се стави под контрола.

повеќе

Стопанската комора на Македонија со донесувањето на 4-тиот сет на мерки гледа остварување на ветеното дека Владата на РСМ и во услови на здравствено- економска криза ќе стои зад компаниите.

повеќе

Оваа парафраза на големиот Иво Андриќ, нобеловец и водечко книжевно име на Балканот, за малку ќе го погодеше лично него.

повеќе