За случајот со петкратното убиство

„Бомбите“ за „Монструм“ ќе се отворат на 5 септември, сведок во случајот ќе биде и Заев

Премиерот Зоран Заев ќе биде повикан да сведочи за случајот „Монструм", за петкратното убиство што се случи кај Смиљковското Езеро. Ова го најави денес обвинителката Фатиме Фетаи на судското рочиште во Основниот кривичен суд во Скопје. Ваквиот предлог на Фетаи следеше откако родителите посочија дека добиле ветување од премиерот Зоран Заев дека вистината за овој предмет ќе се дознае.  

Горан Наќевски, таткото на убиениот Александар, неколку пат изјавуваше дека низ доказите има пет телефонски броеви, чии сопственици не се откриваат.

Од наредното рочиште за случајот „Монструм" закажано за 5 септември, во судницата ќе почне пуштањето на нелегално стекнатите телефонски разговори поврзани со петкратното убиство кај Смилковско Езеро.

Од страна на обвинителството на средина на јули до Кривичниот суд доставен е обемен материјал, телефонски разговори и транскрипти поврзани со убиствата што се случија на 12 април 2012 година.

Обвинителката Фатиме Фетаи истакна дека покрај овие разговори кои до специјалното јавно обвинителство беа доставени од страна на СДСМ, како дополнителни докази ќе бидат изведени и разговори кои ги добила на нејзиниот мобилен телефон, а биле испратени од други лица.

Случајот за петкратното убиство кај Смилковско Езеро на 12 април 2012 година, кога беа убиени момчињата Кире Тричковски, Филип Славковски, Цветанчо Ацковски, Александар Наќевски и рибарот Борче Стефановски, го води СЈО.

Во претходна постапка за случајот на доживотен затвор беа осудени Алил Демири, Африм и Агим Исмаиловиќ, Езим и Хаки Азири и Сами Љута.

Врховниот суд во декември 2017 година ги укина пресудите, ги ослободи од притвор осудените Агим Исмаиловиќ, Хаќи Азири, Сами Љута и Фејзи Азири, и им определи мерки на претпазливост. По укинувањето на пресудите, случајот „Монструм" го презеде СЈО и предметот беше вратен на повторно судење.

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе