По објавените нови разговори од „Илија Громовник“

„Бомбите“ кои се појавија на интернет не излегле од СЈО, разговорите се чуваат во сеф со посебна заштита

„Бомбите" кои на Специјалното јавно обвинителство му ги предаде СДСМ се на безбедно и не постои можност, ниту шанса некој да ги изнесе од објектот на СЈО, а уште помалку од нив да се направи копија. Ова е официјалниот и категоричен став на СЈО по новите прислушувани разговори кои се појавија на интернет. Објавени се на руската социјална мрежа „ВКонтакте" на анонимен профил под псевдоним „Илија Громовник".

Од СЈО за МКД.мк велат дека содржината на овие разговори кои се појавија во јавноста се анализира и дека ќе се утврдува дали вакви разговори веќе има во онаа огромна бројка на материјали која ова обвинителство веќе на има добиено.

„Ќе се прави анализа на овие материјали и откако ќе се преслушаат СЈО ќе одлучи што понатаму. Ќе треба и да се види дали овие разговори веќе ги имаме во добиените материјали. Она што е сигурно е дека овие материјали не се излезени од тука, како и дека прислушуваните снимки овде се чуваат под посебен режим.

Заштитени се во сеф и за нив е задолжен вработен кој секогаш кога ги предава на обвинител за преслушување во интерес на некој предмет, за тоа прави записник со точно време кога се земени и вратени. Копија од нив не е можно да се направи бидејќи се под посебна заштита и во тој дел", велат од СЈО.

Се работи за четири телефонски разговори кои имаат наслови „Оливер и Гордана координација пред медиуми" наводно меѓу поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска и сегашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски, „Кочо и Саше го пљачкаат ЕЛЕМ", „Фрчко и Алберт Муслиу лажираат ЛУСТРАЦИЈА", и „БЦ и Дамјан Манчевски со грчката фирма".

Засега не е јасно во кој период се одвиваат разговорите, а според објавените разговори, се чини дека станува збор за досега необјавени материјали.

Ова не е прв случај на интернет од непознати профили и адреси да бидат пуштани прислушувани разговори во кои се функционери од опозицијата или власта.

 К.Д.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе