Се отворија прислушуваните разговори за петкратното убиство

„Бомба“ во Монструм: Јанакиески открива зошто е убиен рибарот од Црешево

Гаврил Бубевски и Фатиме Фетаи остануваат обвинители во случајот „Монструм“, но овојпат наместо од Специјалното јавно обвинителство, се обвинители од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција. На денешното рочиште конечно се отворија долгоочекуваните прислушувани разговори, кои се нови докази во постапката, а кои според Фетаи, се 25 на број.

Во дел од разговорите го има и поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, кој во неколку наврати разговара со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска.

Во една од „бомбите“, снимена на 13 април 2012 година во 20.35 часот Јанакиески разговара со извесен соговорник Кире Бошков. Соговорникот го прашува Јанакиески „да не има информација нешто во врска со убиството на децата“, а Јанакиески му одговара дека се видел со Јанкулоска, била кај него, дека децата биле мирни, не биле криминалци, а наводно, како што вели, постариот, односно рибарот од Црешево, е убиен зашто бил сведок.

„Рафално се убиени и во глава се пукани, многу грозно. Децава не биле криминалци, туку мирни деца, а овој стариот бил убиен најверојатно ради сведок“, му вели Јанакиески на соговорникот во една од „бомбите“.

Во прислушуваните разговори има и комуникација меѓу Катерина Најденова, гатачката на Никола Груевски, и Ленче Самарџиска, разговор меѓу Оливера Трајковска и Орце Камчев, Миле Јанакиески и Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески и Коце Трајановски....

Судењето е во тек, повеќе информации следуваат дополнително.

К.Д.

Силите на антиглобализацијата веќе стануваат доволно моќни да и зададат значаен удар на светската економија. 

повеќе

Не се соочуваме со вооружен конфликт, туку со војна на мисли. Чувството на страв, несигурност или територија по самоубиствен напад, никогаш повеќе не можеш да го вратиш.

повеќе