„Рекет“

Боки не чувствува вина, ќе стои во судница „до последната капка крв“

Бојан Јовановски рече дека не чувствува вина за случајот „Рекет“.

За разлика од претходно, кога во судницата зборуваше седејќи, сега тој стана и пред судот рече дека ако може обвинителката да стои додека зборува, ќе стоел и тој, „до последната капка крв“.

„Не се чувствувам добро и едвај стојам, жалам што тоа денес е така, но ќе кажам дека не чувствувам вина ниту за кривичното дело примање награда за противзаконито влијание, ниту за перење пари“, рече кратко Јовановски пред судот откако беше одлучено да почне судењето за „Рекет“, а лекарите утврдија дека Јовановски може да го следи судењето.

Тој по ваквата одлука во неколку наврати ја навалуваше главата на клупата во судница, се закашлуваше и посочуваше дека не му е добро.

На судијката ѝ рече дека откако му ставиле инјекција дијазепам му е уште полошо, на што таа му возврати: „Ако премногу ви се слоши, тогаш тука се лекарите, повторно ќе бидете прегледан, јас сум судија, а не медицинско лице, и судам согласно со законот следејќи ги напатствијата од лекарите што претходно ве прегледаа.“

К.Д.

„Каде да летнеме викендов е пристап што како таков повеќе нема да постои“...

повеќе

Зголемувањето на парите за финансирање на партиите не помагаат во поттикнувањето на политичката активност на граѓаните, туку веројатно и делуваат контрапродуктивно, зголемувајќи ја недовербата во партиите и политичарите.

повеќе

За помалку од еден месец по олеснувањето на рестриктивните мерки, Косово се соочува со нагло зголемување на бројот на случаи со ковид-19, 

повеќе