„Рекет“

Боки до Камчева: Се сеќаваш ли што ми зборуваше мене за маж ти, свекрва ти, за золва ти?

Многу добро ве држи меморијата, ѝ рече Бојан Јовановски на сведокот Ана Камчева поставувајќи ѝ прашања на судењето за „Рекет“.

Прашањата на Бојан Јовановски главно се однесуваа на тоа што наводно му го зборувала Камчева на нивните средби, за својот, како што рече, „сакан и ценет сопруг“, за својата свекрва, за сестрата на Орце Камчев...

На ова наместо одговор Јовановски доби опомена дека не може во судница да користи такви квалификации.

Тој на ова рече: „Многу квалификации беа искажани и за мене овде, но никој на тоа не реагираше.“

Следното прашање се однесуваше на тоа кога и по чие барање Јовановски дошол во домот на Камчеви, кој го нарече „велелепна палата“, но ни на ова не доби одговор, па потоа се обиде со прашање околу „бугарските пријатели“ на Камчев прашувајќи ја неговата сопруга дали ги познава, како и дали ѝ е познато името Перивое.

Откако доби негативен одговор од сведокот, Бојан Јовановски изненадено ѝ возврати: „Па како не ги познавате кога тоа се ваши куќни пријатели?“

По ова следуваа прашања колку пати Камчева го посетила Бојан Јовановски во Систина, каде што ги правел двете операции за стеснување на желудникот, на што доби одговор од Камчева дека таа го посетила „отприлика двапати“.

Следно што праша беше на колку места освен кај адвокатот Васил Димишков и кај него, Камчева се обратила за да го извади својот сопруг од притвор.

Ни на ова не доби одговор и возврати дека имал сознанија дека таа била и кај други лица и дека тоа тој ќе го каже во текот на својот исказ.

Јовановски најави дека во исказот ќе зборува многу а тоа ќе се однесува и на она што Камчева му го зборувала за нејзиниот сопруг и блиските членови на семејството.

Следното прашање се однесуваше на подароците што Камчеви наводно му ги давале на Бојан Јовановски: „Се сеќавате ли дали и какви подароци ми дававте?“

На ова жестоко реагираше обвинителката Вилма Русковска, која праша „Зарем милион и пол евра се мал подарок, па треба да се зборува и за дополнителни подароци?“

Бојан Јовановски не ѝ остана должен на обвинителката, па ѝ возврати „Тие милион и пол евра се измислени во вашата глава“.

По серијата опомени од судијката Васка Николовска Масевска да го почитува редот во судницата со укажување дека ќе биде казнет, Бојан Јовановски се извини ако отстапувал од законското однесување во судница и образложи дека е под дејство на седативи и дека „тие си го прават своето“.

Реагираше и на тоа дека му се одбиени прашања што за него и за постапката се многу битни, а за судот се ирелевантни.

„Аманте луѓе, ништо не ми дозволувате, дај барем осудете ме, да си одиме сите од тука и да не ги малтретираме луѓево“, ѝ рече тој на судијката вртејќи се кон медиумските екипи што седат зад него.

К.Д.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе