„Рекет“

Боки до Камчева: Ги памтиш ли гала-вечерите во вашата велелепна палата?

Јас сум добро воспитан и се држам до своето добро однесување, рече Бојан Јовановски на опоменувањето од судијката Васка Николовска-Масевска. дека поставува ирелевантни прашања 

Јовановски неколку пати беше опоменат од судиите дека поставува прашања што се ирелевантни.

Јовановски прашувајќи ја Камчева го нарече Орце „Вашиот сакан и ценет сопруг“, куќата во која живее брачниот пар Камчеви ја нарече „велелепна палата“, а ги спомена и Јана Марин и Наташа Савова.

Јовановски ја праша Камчева дали ги памти „гала-вечерите во вашата велелепна палата кога ми приготвувавте вечера“, и додаде дека Орце Камчев ги снимал тие средби, па ја праша Камчева дали го знаела тоа.

Судијката не го дозволи прашањето затоа што го оцени како неважно и му укажа на Јовановски дека не може да поставува рекла-казала прашања, на што овој возврати: Па целата постапка е рекла-казала, па затоа и прашањата ми се такви.

К.Д.

Фото: Роберт Атанасовски

Вчера оправдано доминираше веста дека „Макрон ќе поддржи преговори за Македонија и Албанија ако ЕК препорача во март“.

повеќе

Албанија мора отворено да каже, дека обидите на Софија за асимилација на Македонците во Албанија како Бугари не се добрососедство, туку отворен напад.

повеќе

Перењето пари преку трансакции со недвижнини ги интегрира црните фондови во економијата, притоа обезбедувајќи сигурна инвестиција.

повеќе