Боки 13 во понеделник, Јанева во вторник на распит кај Рускоска за „Рекет“

Осомничените за случајот „Рекет" Бојан Јовановски – Боки 13 и Катица Јанева повторно се повикани на распит во Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција.

Бојан Јовановски – Боки 13 е повикна да даде исказ во понеделник напладне, а поранешната специјална јавна обвинителка Катица Јанева во вторник, потврдуваат за МИА од Обвинителството.

Во Обвинителството за организиран криминал вчера исказ во врска со случајот „Рекет" дадоа и претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз Агапи Дика и бизнисменот Зоран Азманов.

Изминатиот период во врска со овој случај во Обвинителството за организиран криминал сведочеа бизнисменот Силјан Мицевски, водителката Лила Филиповска и пратениците Фросина Ременски и Александар Кирацовски.

Во случајот „Рекет" што го отвори Обвинителството за организиран криминал и корупција осомничени се сопственикот на 1 ТВ Бојан Јовановски и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор.

Нашиот процес на преговори многу веројатно ќе биде предмет на уште построги критериуми и мониторинг имајќи ги предвид искуствата на земјите кои во моментот преговараат. 

повеќе

На Македонија и Бугарија им треба дебата која ќе го унапреди историското разбирање без робување на идеологии, митологии и политики.

повеќе

Македонизмот често е мистика и точка на недоразбирање и меѓу Македонците и на Македонците со другите народи во и околу Македонија.

повеќе