Откако ја поминаа постапката за престој во приемниот дел

Боки 13 во ќелија во Идризово е со еден цимер, и Јанева е веќе во женскиот дел на затворот

Бојан Јовановски и Катица Јанева, кои беа осудени за случајот „Рекет", од пред некое време се во ќелиите на најголемиот затвор во државава. На 23 јули годинава шефицата на сега згаснатото Специјално јавно обвинителство доби упатен акт и беше спроведена во затворот во Идризово. Ден пред неа упатен акт за издржување на правосилната затворска казна за предметот „Рекет" доби и Боки 13. Но по спроведувањето во затворот, обајцата одреден период беа во приемниот дел.

Откако ги поминаа протоколите за заштита од ковид-19 и процедурите за престој во приемното одделение, Јанева, која е осудена на затвор од 7 години, и Боки-13, кој доби затвор од 9 години, влегоа во најголемиот затвор кај нас. Јовановски во делот наменет за осуденици, а Јанева во женскиот дел на затворот, кој е во истиот двор, но оддалечен и одвоен од машкиот дел.

Редакцијата на МКД.мк не доби официјален одговор за тоа од кога точно и со колку осудени лица ги делат затворски ќелии двајцата правосилно осудени, бидејќи не добивме одговор на телефонските повици.

Како што дознаваме од неофицијални извори, Боки 13 ја дели ќелијата со еден осуденик, повозрасен маж со мирно поведение. За тоа со кого е Јанева во ќелија и дали можеби се сретнува со поранешната министерка за внатрешни работи Гордана Јанкулоска официјален податок не добивме.

Она што ни го потврди одбраната на Јанева е дека до Врховниот суд се поднесени две барања за вонредно преиспитување правосилна пресуда, едно за Јанева и уште едно за Боки 13.

Врховниот суд сега ќе треба да направи комплетен увид во доказите и пресудите на Основниот кривичен суд Скопје, како и на Апелацискиот суд, и да одлучи дали првостепените и второстепените судии донеле правилна одлука кога ги потврдија затворските казни за Јанева и Јовановски.

Додека да биде донесена одлуката од Врховниот суд, двајцата остануваат во затворот во Идризово бидејќи поднесувањето на барањето за преиспитување на одлуката не им го одложува издржувањето на затворските казни.

Апелацискиот суд Скопје на 21 јули годинава како неосновани ги одби жалбите на обвинетите Бојан Јовановски и Катица Јанева за случајот „Рекет" и ја потврди првостепената пресуда.

Судијката Васка Николовска-Масевска на 18 јуни лани ја донесе пресудата за случајот „Рекет" со која обвинетиот Бојан Јовановски доби 9 години, а Катица Јанева доби седум години затвор.

Апелацискиот суд Скопје, постапувајќи по кривичниот предмет КОКЖ -91/20 познат во јавноста под името „Рекет", донесе одлука со која жалбите на обвинетиот Бојан Јовановски од Скопје и обвинетата Катица Јанева од Скопје, ги одби како неосновани, а првостепената пресуда ја потврди. Вака донесената одлука ќе биде објавена во целост на веб-страницата на судот во рокот определен со Законот за управување со движењето на предметите во судовите, информираа тогаш од Апелацискиот суд Скопје.

Првостепената судска постапка за „Рекет" почна на 3 декември 2019 година.
Овој предмет беше најавен како еден од најголемите случаи во македонското судство досега.

По 36 одржани рочишта и неколку одложени, најчесто поради поплаките за лошото здравје на Боки 13, и 30 сослушани сведоци, беше изречена првостепената пресуда.

По потврдата од Апелацискиот суд Јанева и Јовановски беа спроведени во затворот во Идризово, Боки 13 од притвор во Шутка, а ексшефицата на СЈО од куќен притвор, односно од нејзиниот дом во Гевгелија.

К.Д.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе