Лекари пак го прегледуваат Јовановски

Боки 13 вели повраќал и не е добар, Русковска децидна дека тој сака да го одолжи судењето

Со доцнење од 45 минути обвинетиот Бојан Јовановски беше спроведен на рочиштето за случајот „Рекет“.

Во придружба на двајца затворски полицајци, кои го држеа под раменици и му помагаа во одењето, тој влезе во судница сопнувајќи се.

Видно ослабен и блед, полека седна на столчето во судницата.

Откако судијката Васка Николовска - Масевска го отвори судскиот процес, таа го праша Јовановски дали е во состојба да го следи судењето, а нагласи и дека до судот е испратена медицинска документација од болницата 8 Септември, но и дека утрово Јовановски пред да биде донесен во судот бил прегледан од затворски лекар.

Според документацијата на лекарите од 8 Септември, Јовановски бил во добра здравствена состојба, бил испишан на 1 декември со образложение дека треба да прима терапија. Затворскиот лекар, пак, утрово утврдил дека Јовановски не се чувствува добро, повраќал, имал вртоглавици, не симулирал и не е во состојба да го следи судењето.

Затворскиот лекар во дополнување на ова образложение нагласил и дека веќе во два наврати бил сведок на животнозагрозувачка состојба кај Јовановски.

Пред судот обвинетиот Јовановски седна и тивко рече дека не се чувствува добро, дека утрово десет пати повраќал, дека има желба активно да го следи судскиот процес, меѓутоа не е во состојба.

„Не се чувствувам добро, ќе се изразам по мое, а не со лекарски речник, 10 пати повраќав, немам добиено дијагноза за новата терапија што ми е утврдена и утрово ми е многу тешко. Затворскиот доктор пред да дојдеме тука на судење кажа дека не сум во состојба да следам судење, но по мое инсистирање дојдов тука“, рече Јовановски пред судиите.

На ваквата негова изјава се надоврза и адвокатот Дуковски, кој рече дека за лошата здравствена состојба на Јовановски укажувал со месеци и им посочи на судиите само да го погледнат како изгледа и да утврдат дали е во состојба да го следи судскиот процес.

„Не сакам да бидам погрешно разбран, јас сум подготвен за почеток на судскиот процес, меѓутоа и вие самите како судии го гледате како денес изгледа. За неговата здравствена состојба зборувам со месеци, а за тоа одржав и прес-конференција, под целосна кривична одговорност тврдам дека тој не се чувствува добро и дека не му е дадена соодветна терапија за лошата здравствена состојба во која се наоѓа“, посочи Дуковски и нагласи дека одлуката дали денес ќе почне судењето за „Рекет“ е на судиите.

Наспроти ваквите тврдења на одбраната, обвинителката Вилма Русковска беше децидна дека Јовановски сака само да ја одолжува постапката и дека може да го следи судскиот процес.

„Лекарите од 8 Септември утврдиле дека тој е во добра здравствена состојба, јас верувам и сум убедена дека ниту еден лекар не би си ја ризикувал кариерата и лиценцата да даде поинакво мислење од она што навистина е. Мојот став е дека сакаат само да ја одолжат постапката“, рече Русковска.

Судијката Николовска - Масевска даде пауза од 20 минути, а за ова време лекарите на итната медицинска помош што се наоѓаат во Кривичниот суд, каде што треба да извршат детален преглед на Јовановски, по што ќе дадат мислење каква е неговата здравствена состојба и дали тој може денес да следи судски процес.

К.Д.

Благодарејќи на коронавирусот, граѓаните го видоа вистинското лице на  оваа натприродна организација, наречена државна администрација. Алчна, себична, несолидарна, нечувствителна.

повеќе

Солидарноста е единствениот начин за надминување на оваа криза.

повеќе

Ама бидејќи капиталисти со ситни души ја владеат земјава јас и ти ќе плаќаме, коментираат бизнисмените.

повеќе