На судењето за „Меѓународен сојуз“

Боки 13 тврди дека Заев преку Џолев нарачувал пресуди

Премиерот Зоран Заев нарачувал пресуди преку претседателот на Кривичниот суд, Иван Џолев тврдеше денеска Бојан Јовановски пред судечкиот совет на рочиште за предметот „Меѓународен Сојуз“, пренесува ТВ Алфа. Боки 13 кажал и дека поседувал и докази во неговиот телефон на каков начин бил избран Џолев, па врз основа на тоа побара и негово изземање.

„Тенденцијата доаѓа од основани за мене, аргументирани познати факти кои се наоѓаат во мојот мобилен телефон, а се поврзани со претседателот на Кривичниот суд. И во ова мое барање искажувам целосна недоверба кон целиот правосуден систем, се надевам дека повисокиот суд нема паушално да го одбие моето барање како што го одби за изземање на овој судечки совет“, рече Бојан Јовановски пред судот.

Откако Боки 13 влезе во расправа со судијката Софче Гаврилова, која му кажа дека нема потреба да кажува што има во неговиот телефон а неговото барањето ќе биде доставено, по што Јовановски беше избркан од судницата. Откако тргна да ја напушта судската сала, Јовановски се обраќаше кон Гаврилова говорејќи дека во судот нема ниту ред ниту достоинство.

Предметот за невладината на Јовановски е во фаза на изведување вербални докази. Следното рочиште е закажано за 8-ми ноември кога пред судот искази треба да даваат сведоци кои ги предложи одбраната на обвинетата во случајот Јасна Мандиќ.

Јовановски претходно бараше изземање на шефицата на Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, Вилма Русковска. Тогаш тврдеше дека таа од него барала да пушти ТВ екипа за да го снима апсењето на екс-градоначалникот Стевче Јакимовски, го информирала што работи обвинителството и кого истражува во случајот „27 април" за што Боки 13 имал докази во телефонот, а барањето за изземање на Русковска му беше одбиено.

Јовановски тврдеше и дека има докази за инволвираност на високи функционери во шема на кривични дела, а поврзани со кршење на законите и рекетирање за што поднесе кривични пријави до Обвинителството.

Бојан Јовановски веќе е осуден на девет години казна затвор потврдена од Апелацискиот суд во случајот „Рекет", во кој поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева доби 7 години затворска казна.

Првичната реакција на голем број држави кога се појави новата варијанта на ковид-19 вирусот за забрана на патувањето од Јужна Африка и од соседните држави, иако истиот веќе се има проширено, е очајна мерка. Всушност, државите можеби се и подобро подготвени отколку што мислат за што и да следи.

повеќе

Со неколку геополитички шаховски потези, Кина докажа дека не секогаш оружјето и војните се единствениот начин за глобална доминација.

повеќе

Македонија може да ги задоволи потребите од електрична енергија ако на површина од 160 км2 постави соларни панели, а инвестицијата за тоа е 2,4 милијарди евра.

повеќе