Обвинетиот дава одбрана во „Рекет“

Боки 13: Со Јанева зборувавме за многу работи, за љубовни проблеми, но не за „Империја“

Обвинетиот Бојан Јовановски денес за прв пат по отварањето на случајот „Рекет“ зборуваше за релациите сообвинетата, Катица Јанева, со обвинетиот Зоран Милевски, како и со обвинителката Вилма Русковска. Тој пред судот тврдеше дека со Јанева не зборувал никогаш за „Империја“ туку разговарале за приватни проблеми. 

„Сум разговарал со Катица Јанева за многу работи, за љубовни проблеми зборував со неа, ја прифати без проблем мојата сексуална определба која во целиов процес им е проблем на други, и кога ме притвораа, и еден премиер ме нарече јавно еден педер, ама за тоа подоцна ќе зборувам. Со Јанева имав пријателски однос затоа што таа беше непосредна жена. За конкретен предмет односно Империја не сум разговарал со неа. Јас ја запознав во септември а тој предмет се видел една година претходно. Овој предмет е направен за спас на Јордан Камчев и за рушење на СЈО, како и за уривање на 1ТВ", рече Јовановски.

Бојан Јовановски во придолжение на денешното судење зборуваше и за обвинетиот и осуден во Рекет, Зоран Милевски Кичеец.

„Жалам што го познавам Зоран Милевски Кичеец, кого го запознав пред 15 години кога дојде во Скопје и го отвори кафулето „Ден и ноќ“, беше популарен. Бевме блиски, но веќе не сме. Ме импресионираше и со познанства кои ги има во странство, но и со блиските контакти со политичари тука, порано со тогашната па со сегашната власт. Не знаев што работи во Орка, па Камчев еднаш ми објасни. Рече дека Кичеец е најдобриот оперативец, а тоа сфатив самиот во изминатиов период. Неговите способности се гледаа и преку тоа што стално му наоѓаа мобилни во затворот, кои Рускоска исто така не ги вештачела, па и од Шутка си ги правел патот кон слободата,“, рече Боки 13.

 

Практичната имплементација на владината стратегија „едно општество за сите“, која на хартија има добри намери, е засенета од неуспешната борба против корупцијата и организираниот криминал.

повеќе

Веќе четврта деценија штом општеството се фокусира на македонско-бугарските или македонско-албанските односи, на улиците излегуваат навивачките групи со навредливиот репертоар. Спонтано? Ајде, Ве молам.

повеќе

Нивото на Советот на Центар никако да порасне и да ги покаже демократските капацитети и зрелоста очекувани од граѓаните.

повеќе