„Вие почитувана судијо носите одговорност за мојата состојба. Фалеа само 30 минути за да фатално заврши мојата состојба“, рече Боки 13 во судница.
Судијката нагласи дека барањето на Јовановски ќе биде доставено до пертседателот на судот и го опомена да се однесува коректно во судница.
Судењето за случајот „Меѓународен сојуз“ не беше прекинато, а одлуката ќе се носи по завршување на рочиштето.
За случајот со невладината организација Меѓународен сојуз, основана од Бојан Јовановски-Боки 13, преку која според обвинението биле измамени бизнисмени за наводни центри за возрасни лица, обвинети се и Фросина Ременски, Миле Јовановски, таткото на Боки 13 и Јасна Мандиќ.
Јовановски е обвинет за измама и перење пари. Ременски, како потпретседателка на невладината организација е обвинета за помагање во делото измама, Мандиќ за помагање во измамата и перењето пари, Миле Јовановски се терети за помагање во перењето пари и за неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје. Како правно лице обвинета е и невладината организација.