Рочиште за „Меѓународен сојуз“

Боки 13 пак побара изземање на Русковска, се однесувала непрофесионално и понижувачки

Обвинетиот во предметот „Меѓународен сојуз“, Бојан Јовановски-Боки 13, денеска повторно побара изземање на обвинителката Вилма Русковска од предметот, бидејќи не доаѓала на закажаните рочишта и праќала други обвинители од Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција.

Барањето, како што рече, го упатува до републичкиот обвинител Љубомир Јовески. Според Јовановски, однесувањето на обвинителката е тенденциозно, непрофесионално и понижувачко.

„Русковска покажа анемично и арбитрарно однесување, мислеше дека е доволно да поднесе обвинение, да даде зајадливи воведни зборови без содржина и потоа да праќа заменици“, рече Јовановски.

Неговото барање во судница го слушна обвинителката Ивана Трајчева, која денеска се појави во судница како застапник на обвинението.

Судијката Софче Гаврилова-Ефремова, пак, одговори дека денешното рочиште ќе продолжи, а барањето за одлучување ќе го испрати до обвинителството по завршувањето на рочиштето.

Судскиот процес е во доказна постапка, па така на денешното рочиште Трајчева презентира материјални докази на обвинителството.

Инаку, на почетокот на судскиот процес во јули лани, изземање бараше Фросина Ременски, а Јовановски се приклучи кон тоа барање. 

Бојан Јовановски-Боки 13 е првообвинет и се товари за делата измама и перење пари. Јасна Мандиќ-Ерцеговиќ и асистенката Блажевска се обвинети за помагање во овие дела, а Фросина Ременски се товари за помагање во делото измама. Таткото на Боки, Миле Јовановски, е петтообвинет за помагање во перењето пари и за делото неовластено изработување, држење, посредување и тргување со оружје, бидејќи при претрес во неговиот дом биле пронајдени три полуавтоматски пиштоли и муниција за кои немал дозвола. Како правно лице обвинета е и невладината организација.

Во овој предмет обвинителството тврди дека двајцата бизнисмени Силјан Мицевски и Ардијан Амзоски биле доведени во заблуда и измамени со проекти за изградба на Европски центар за возрасни лица и мобилни сервиси, па преку Македонската авторска агенција исплатиле речиси еден милион евра, Мицевски сума од 719.905, а Амзоски 233.821 евра. Одбраната, пак, тврди дека ова е монтиран случај и нема конкретни докази.

 

 

Иако новогодишните честитки во јануари оваа година, беа најчесто за здравје и со желба за „старото нормално“, првите три месеци од 2021 година не навестуваат крупни промени околу тоа кој ќе биде повторно најизговорениот збор и во периодот кој претстои. 

повеќе

Програмата за вакцинација во Бугарија може исклучиво да се окарактеризира како фијаско. 

повеќе