„Рекет“

Боки 13 останува во притвор

Бојан Јовановски останува во притвор, откако Апелацискиот суд ја одби неговата жалба во која бараше да се брани од слобода.

Сè уште постои можноста Јовановски да избега и да не биде достапен за органите на прогонот, процениле судиите. Тој бараше да биде пуштен од притвор поради неговата здравствена состојба и неможноста да се лечи во затворот.

Сè уште нема одлука по жалбата на Катица Јанева, која пак бара да ѝ се укине мерката куќен притвор. Претходно, пред крајот на ноември Апелацискиот суд ѝ ја уважи жалбата на Јанева и ја пушти од затворски притвор.

Јовановски и Јанева се обвинети во случајот „Рекет“. Јанева се сомничи за злоупотреба на службената положба и овластување, а Бојан Јовановски за примање награда за противзаконско влијание и перење пари.

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе