Во пресрет на судењето за „Рекет“

Боки 13 од вчера е во ќелија во Шутка, Апелацискиот суд одлучува за притворот

Апелацискиот суд Скопје на нејавна седница ќе го разгледува барањето за укинување на мерката притвор за обвинетиот Бојан Јовановски. Од второстепениот суд за МКД.мк потврдуваат дека адвокатот на Јовановски го повлекол предлогот за јавна седница, по што апелациските судии ќе ја разледуваат жалбата, но сега на седница која ќе биде затворена за јавноста.

Директорот за Истражниот затвор Шутка, Есад Рахиќ вели дека Јовановски од вчера веќе е донесен во притвор. Детали околу здравствената состојба Рахиќ не сподели, бидејќи, како што вели го чека известувањето, но дополнува дека веројатно притвореникот е во добра здравствена состојба.

Бојан Јовановски минатата недела беше хоспитализиран во Градската општа болница „8-ми Септември", поради контролни прегледи со упат издаден од доктор во ординацијата во Истражниот затвор.

Неговиот адвокат на прес-конференција пред две недели посочи дека неговиот клиент е сериозно болен, има нефункционален бубрег и праша дали треба да се најде на листата починати за да надлежните се освестат колку е сериозна неговата здравствена состојба.

Катица Јанева, Бојан Јовановски Боки 13 и Зоран Милевски Кичеец се имињата на осомничените со кои Обвинителството за гонење на организиран криминал и корупција ја затвори првата почната истрага за случајот „Рекет". На 10 октомври обвинителката Вилма Русковска го поднесе до судот обвинението во кое на три страници се опишани дејствијата за кои таа ќе ги гони осомничените. Дејствијата се од ноември лани, до оваа година во април.

Според обвинението, Катица Јанева требало да даде позитивно мислење за укинување на мерката притвор на бизнисменот Орце Камчев во „Империја", а за тоа тој требало да плати 1 и пол милион евра. Русковска не утрвдила како се спријателиле Јовановски и Јанева, но како што се вели во обвинението за сторување на кривичните дела наредби давал Јовановски, а Јанева требало да ги реализира.

Иако бил невработен, трошел милиони за луксузна гардероба од Луј Витон, Версаче, Гучи, Шанел и Прада, но и за уметнички слики од Лазар Личеноски, Вангел Коџоман, Мерсад Бербер, за ексклузивен мебел... Во обвинението пишува и дека Бојан Јовановски и Зоран Милевски- Кичеец ги договарале средбите со Орце Камчев, а Катица Јанева, како прв човек на СЈО, прифатила Јовановски да ја врши целата работа, а таа земала дел од парите.

„Откако Јовановски и Милевски ги добиле договорените 500.000 евра од сопругата на Камчев, Јанева доставила предлог за куќен притвор за Камчев, што Судот го прифатил, а по исплатата на првите 1.000.000 евра, Јанева дала писмена согласност за времено враќање на пасошот на Камчев. Јанева при тоа, велат од ЈОРМ, за себе прибавила имотна корист - мебел од 296.040,00 денари и пари во износ од 50.000 евра, а за противзаконито влијание другите двајца обвинети примиле награда од 1.500.000 евра", пишува во обвинителниот акт.

Во обвинението пишува и тоа дека Јовановски и Кичеец го посетувале Камчев во неговиот дом за да го убедат во влијанието што го имал Јовановски врз Катица Јанева. За обвинителството Јанева издавала доверливи информации во врска со случајот „Империја" со што специјалната обвинителка ги пречекорила своите службени овластувања.

Јанева давала ветувања дека има големо влијание врз обвинителката Лиле Стефанова која го води случајот „Империја", дека можела да го направи Камчев заштитен сведок или пак во целост да го отфрли овој случај.

За ова Боки 13 и Кичеец од Камчев побарале 8 милиони евра во замена за негово ослободување од притвор. Јанева давала доверливи податоци од истрагата и постојано велела дека во врска со предметот Стефанова ќе постапува по нејзин налог.

Судењето за „Рекет“ е закажано за утре. 

К.Д.

 

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе