Одбраната реагира на автентичноста на доказите во „Рекет“

Боки 13 обвини дека снимката со парите спакувани во Луј Витон торба е лепена

И снимката со фамозната торба Луј Витон која Бојан Јовановски и Зоран Милевски ја изнесуваат од домот на Орце Камчев беше пуштена во судница како дел од доказите во „Рекет“. На снимката стои дека таа е направена на 20 февруари, 2019 година. 

Обвинителката Ивана Трајчева рече дека на снимката се гледаат пари спакувани во ластиче, женска рака, па потоа се бројат парите, спакувани се во Луј Витон торба.

„На снимката се гледа кадар од гаража. На снимката Милевски и Јовановски си заминуваат со торбата Луј Витон со возило, портокалова боја. Јовановски седнува на совозачкото седиште, а Милевски на возачкото“, рече обвинителката Трајчева.

Ваквата снимка за Јовановски е флагрантно лепење на видео материјал.

„Оваа снимка е флагрантно лепење на видео материјал. Јас доаѓам од медиум и бизнис сферата и јасно ми е како ова се прави. Едната снимка е направена со мобилен, а другата е од безбедносната камера“, реагираше Боки 13.

Неговиот адвокат Сашко Дуковски рече дека снимката не е доказ, туку самостојно интерпретирање на обвинителката.

На автентичноста на овој доказ реакции имаше и од одбраната на обвинетата Катица Јанева.

К.Д.

Даночните затајувачи сѐ почесто се мали фирми, кои сѐ потешко се следат.

повеќе

Повлекувањето на Обединетото кралство од ЕУ (Брегзит) е правен потфат без преседан во историјата на правото.

повеќе

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе