Докази на судењето за „Меѓународен сојуз“

Боки 13 испратил порака до Заев: „Отворена е некоја истрага за големи пари, што е тоа?“

Освен контактот на градоначалникот на Карпош, Стефан Богоев и прво обвинетиот во случајот ,,Меѓународен сојуз", Бојан Јовановски, на денешното рочиште се презентираше и „Ватс ап“ комуникација меѓу обвинетиот Јовановски, актуелниот премиер Зоран Заев, и поранешниот пратеник Александар Кирацовски. Презентираните докази (разговори) според обвинителката Гаврилова, се од 2017 година.

Во една од презентираните пораки кои ги читаше обвинителката, јавноста имаше можност да види како обвинетиот Јовановски, преку порака го контактира премиерот Заев, каде бара да одвои време за една средба.

„Проектот ќе биде од национално значење, ќе бидат вработени 200 луѓе. Замолувам за средба", му пишува обвинетиот Јовановски, на премиерот Зоран Заев, според презентираната порака.

На ова барање премиерот Заев, му одговара дека ќе се видат и дека МВР ќе направи истрага и оти се надева дека се е легално.

Обвинети во судскиот предмет „Меѓународен сојуз" се: Бојан Јовановски – Боки 13, како првообвинет на кого му се суди за кривичните дела Измама и Перење пари, односно за истите дела и се суди и на обвинетата Јасна Ерцеговиќ. Третообвинета е поранешната пратеничка Фросина Ременски и таа се сомничи за кривичното дело Измама. Други обвинети во овој предмет се Христина Блажевска и таткото на првообвинетиот, Миле Јовановски, а кој денес беше отстранет од судница заради попречување на доказната постапка.  Како и правното лице ,,Меѓународен сојуз Скопје".

Структурното насилство кон трансродовите и родово небинарните луѓе е препрека во нивното реализирање како полноправни членови на општеството.

повеќе

И сега вие замислете, на едно детенце од 6 години да му кажувате со авторитет на наставник дека не треба да се дефинира како машко или женско.

повеќе

Засега СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ и нивните заеднички алтер-фабрикати не даваат впечаток дека го разбираат новосоздадениот замаец.

повеќе