Обвинетите задоволни

Боки 13 и Јанева насмеани го дочекаа сведочењето дека од продавница за мебел обвинетиот купил само комода

По кумата на Боки 13 Мери Дика, по неговата пријателка Лила Стојановска и по стручната соработничка од СЈО, Сања Димовска на судењето за „Рекет" сведочеа и две продавачки од различни продавници за мебел во Скопје. На предлог на Обвинителството за гонење на организиран криминал тие беа повикани да кажат за пазарењето на мебел.

Продавачка од продавница за мебел и теписи од брендот „Пјер Карден" само неколку минути стоеше на пултот за сведочење и брзаше да одговори на прашањата на обвинителката Гордана Смаќоска.

Уште непоставено, таа го одговараше прашањето.

Пред судот единствено појасни дека продавале теписи и мебел и дека Јовановски од кај нив купил само една комода.

Откако обвинителката Смаќоска рече дека нема повеќе прашања, Јанева и Јовановски се погледнаа и се изнасмеаја задоволно подигајќи раменици и зачудени зошто воопшто бил повикан овој сведок.

По неа, на пултот за сведоци застана ќерка на сопственик на друга продавница за мебел која како што појасни телефонски комуницирала со Јовановски кој барал да земе мебел за во 1 ТВ, но со компензација за реклами.

Договорот бил направен за сума од 296 илјади денари, од кои 196 илјади требало да се платат.

Јовановски според кажувањето на вториот сведок зел мебел од брендот "Калигарис" и тоа аголна кожна гарнитура, две фотелји и масичка.

Сумата која требало да се плати Јовановски не ја платил, но, како што кажа сведокот жена дошла во нивната продавница и оставила 2.750 евра како гаранција дека овој долг ќе биде платен.

Фирмата до 1 ТВ испратила неколку опомени за присилна наплата.

К.Д.

Изминатата недела имаше бурен почеток со објавувањето на вториот сет мерки. Се изнаслушавме разно-разни коментари, предлози и видувања кои никако не би можело да се рече дека се засновани на прецизни анализи и предвидувања на надлежните институции во државата, со кои располагаме, НБРСМ и МФ.

повеќе

Наместо да седнат заедничи и оние од власта и оние од опозицијата и да се договорат околу стратегијата за борбата со најголемата опасност, тие мудруваат и кажуваат бајки.

повеќе

За жал во овие тешки времиња некои политичари се занимаваат и со вируски патриотизам: на корона не сме се обратиле мултилингвално.

повеќе