Судење за „Рекет“

Боки 13 доцни на судењето за „Рекет“, бил кај затворскиот лекар

Двајца од обвинетите, Катица Јанева и Зоран Милевски, веќе се во судница во Основниот кривичен суд. Во судот сѐ уште не е пристигнат Бојан Јовановски, кој треба да биде спроведен од притвор. Според нашите информации, причина за доцнењето е спроводот од Истражниот затвор во Шутка.

Од затворот во Шутка за МКД.мк потврдуваат дека спроводот на Јовановски доцни поради тоа што тој до пред 5 минути бил на преглед кај затворскиот лекар. Оттаму велат дека Јовановски веќе е на пат кон Кривичниот суд, каде што треба да присуствува на рочиштето за „Рекет“.

Пред зградата на судот има и возило на Итната медицинска помош.

Сите тројца обвинети имаат по двајца адвокати во судницата што ќе ги застапуваат за случајот „Рекет". Судскиот процес го следат голем број новинарски екипи, како и претставници од американската амбасада, ОБСЕ, Коалицијата сите за правично судење и Зелена лупа.

К.Д.

Брегзитот, односно напуштањето на Велика Британија на ЕУ, без сомневање ќе влијае врз градењето на новата политичка архитектура во Европа, со нова поделба на интересни зони на стариот континент.

повеќе

Германската канцеларка Ангела Меркел, меѓу другите, беше гневна; Балканот помодре од бес. ЕУ сега се обидува да го натера Макрон да го тргне ветото пред Европскиот самит во март.

повеќе

Мојата заложба е конечно законите и прописите наместо инструмент за спроведување лични интереси, да ја добијат вистинската функција, заштита на интересите на граѓаните. За жал...

повеќе