Случај Рекет

Боки 13 денеска ќе се соочи со Орце Камчев

Oбвинетиот Бојан Јовановски во истражниот затвор во Шутка се подготвува да тргне кон Основниот кривичен суд, каде што денеска треба да се соочи со бизнисменот Орце Камчев.

До овој момент обвинетиот Јовановски не бил прегледан од затворскиот лекар, но не е исклучена можноста тој да побара преглед пред да тргне кон судот.

Директорот на затворот Есад Рахиќ за МКД.мк вели дека утрово немало лекарски преглед на обвинетиот Јовановски и додава дека за многу кратко време затворската полиција треба да тргне на пат кон Кривичниот суд, каде што треба да го спроведе првообвинетиот на рочиштето за Рекет.

На минатото рочиште во вторник на 3 декември, кое беше прво за оваа постапка, спроводот на Јовановски доцнеше поради преглед, односно, како што појаснува директорот Рахиќ, проблемот настанал при подготвувањето на лекарскиот извештај.

Преглед бил направен по барање на судијката Васка Николовска-Масевска, а Јовановски освен во затворот, во вторникот беше прегледан и од лекар на Итната медицинска помош кои беа пред зградата на Кривичниот суд

На денешното рочиште освен Камчев како сведок треба да се појави и неговата сопруга Ана Камчева.  

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе

Се поставува прашањето, дали треба да се жртвува слободата за сметка на жртвите кои се последица од вирусот, кој не можеме да го спречиме освен со строги санкции и мерки?

повеќе