Бојан Јовановски-Боки 13 уапсен на граница

Бојан Јовановски , познат како Боки 13 попладневно е уапсен на еден од граничните премини во земјата, неофицијално, на барање на Обвинителството за организиран криминал. 

Заедно со Јовановски, сопственик на 1ТВ уапсен е и бизнисменот Зоран Милевски – Кичеец. Детали за случајот Јавното обвинителство ќе соопшти на прес-конференцијата што ќе се одржи попладне. Пред медиумите ќе се обратат јавниот обвинител Љубомир Јовески и Вилма Русковска, Основен јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција.

Тоа што е многу поважно е дека се работи за ПРЕТХОДНА проверка, а не за post festum ветинг.

повеќе

Како што расте бројот на оние кои објавуваат непроверени, лажни и злонамерни информации, така се зголемува и бројот на медиуми кои работат со проверка на факти и се борат за вистината во јавниот простор преку одговорно истражување.

повеќе

Единствена работа за која ние граѓаните не плаќаме данок, е воздухот кој го дишеме.

повеќе