„Побарал вклучување и на странски амбасадори“

Бојан Јованоски поднесува кривични пријави за најмалку 30 лица

Осудениот во случајот „Рекет“ Бојан Јовановски-Боки 13 денеска во Основното јавно обвинителство Скопје продолжи со поднесувањето на кривични пријави на записник поврзани со предметите „Рекет“ и „Меѓународен сојуз“, а неговиот адвокат Сашо Дуковски вели дека се поднесуваат кривични пријави за најмалку 30 лица.

Јовановски минатата недела почна со поднесувањето на пријавите, денеска продолжи, а како што кажа Дуковски, веројатно тоа ќе продолжи уште неколку дена.

„Се поднесуваат кривични пријави против повеќе лица, најмалку 30 лица и поради сериозноста на наводите во кривичните пријави од страна на пријавителот беше побарано непосредно вклучување на најрелевантните меѓународни институции за заштита на човековите права, особено на најрелевантните свестски амбасади кои имаат свои дипломатско-конзуларни претставништва во Република Македонија заради содржината на тоа што се изјавува“, посочи Дуковски.

Тој наведе дека досега се поднесени седум-осум кривични пријави, истакнувајќи дека пријавуваат лица за конкретни дејствија коишто се поврзани со овие два кривични настани.

Според Дуковски, делата се поткрепени со писмени докази во голем обем и со вербални докази во кои се посочени лица коишто биле непосредно присутни на тие дејствија.

На новинарското прашање, дали доколку има постапка Јовановски ќе сведочи, адвокатот одговори потврдно.

Дуковски кажа дека се поднесуваат и кривични пријави за кршење на човековите права на Јовановски, за нехумано и нечовечко однесување, за лица кои не биле директно вклучени во постапката.

Во однос на наводите дека му биле упатувани закани на Јовановски, минатиот пат кога даваше искази, Дуковски кажа дека поднел кривична пријава против непознат сторител за загрозување на сигурноста.

„Подготвен сум да соработувам со Обвинителството во секој момент за секоја понатамошна постапка којашто ќе го интересира Обвинителството во врска со тоа јавување“, рече Дуковски.

Адвокатот на Јовановски минатата недела изјави дека пријавите се за функционери од државните институции, но и за лица надвор од институциите. Притоа, посочи дека кривичните пријави се за дела злоупотреба на службената положба и овластувања, изнуда, измама, давање лажен исказ, несовесно лекување, тортура …

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе