За случајот „Труст“

Бизнисменот Кочан доби упатен акт, за помалку од месец треба да оди во затвор

На 17 јули бизнисменот Сеад Кочан треба самиот да се пријави во затворот „Идризово", каде што треба да одлежи затворска казна од 4 години и 8 месеци, казна која ја доби во случајот „Труст".

Од Кривичниот суд информираат дека осудениот го примил упатниот акт за во затвор.

„По барање на повеќе медиуми, ја информираме јавноста дека Судија за извршување санкции при Основниот кривичен суд – Скопје, надлежен да постапува по предметот од обвинителството означен како „Труст", изготви и достави упатен акт за еден од обвинетите кој со правосилна пресуда е осуден на ефективна казна затвор.

Според упатниот акт, а согласно член 137 и 139 ст.3 од Законот за извршување снакции, осудениот е должен на 17.07.2019 да се јави на издржување на казната затвор во наведената казнено поправна установа, велат од Кривичниот суд.

Апелацискиот суд Скопје делумно ги уважи пресудите на првостепениот суд за случајот „Труст" на СЈО со кој на обвинетите Сеад Кочан и Василије Авировиќ им беа изречени затворски казни.

Второстепениот суд му ја намали казната на Кочан од шест годни на четири години и осум месеци, а на обвинетиот Василије Авировиќ наместо затворска казна од три години, му се изрекува алтернативна мерка условна осуда.

Министерот за финансии не треба да е кум, баџанак, шура, братучед или самиот тој, бидејќи треба да даде отпор на честите политички, но не и економски барања на членовите на владата.

повеќе

Зрелоста на еден народ е да препознае кога протестите за замена му ги продаваат како протести за промена. 

повеќе

Толку убава, чиста земја, богата со шуми, планини и природни ресурси ја претворивме во Мордор.

повеќе