ОЈО за гонење на организиран криминал

Бизнисменот Амзоски на распит кај Русковска за „Рекет“

Истрагата за случајот „Рекет“ продолжува со сослушување на нови лица. Денес во Обвинетелството за гонење организиран криминал и корупција на распит е повикан бизнисменот Ардијан Амзоски од Струга. Неговото испрашување пред обвинителката Вилма Русковска е во тек. Тој е син на сопственикот на фирмата „Дрим Билдинг" од Струга, која неодамна соопшти дека на Меѓународниот сојуз му исплатиле околу 260.000 евра за стратешко партнерство и деловна соработка.

Вчера пред обвинителката Вилма Русковска исказ даваа и бизнисменот Силјан Мицевски и водителката Лила Филиповска.

Во истрагата за „Рекет" засега осомничени се Бојан Јовановски, Зоран Милевски Кичеец и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева.

 

Нема пазар доколку нема информации. Дајте ги информациите за пазарот на грозје.

повеќе

Овој термин, без исклучок го употребуваат сите партии кога се во опозиција. СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ, Алијанса за Албанците, ДПА...

повеќе