„27 април“

Би ве замолил да останам со семејството, тоа е моето срце, побара обвинетиот Пепиќ

Обвинетиот Мунир Пепиќ побара од судот да не го прифати предлогот на обвинителството за мерка притвор и да остане во куќен притвор, бидејќи не ја прекршил мерката.

„Во овие 11 месеци не сум прекршил ништо, ниту во еден момент не сум помислил да се дадам во бегство. Бидејќи имам семејство, мојата сопруга и моите три деца, од кои 2 малолетни. Моето најголемо бегство е да ја имам мојата ќерка во мојот скут и да си седам дома до одлуката на Апелација.

Би ве замолил бидејќи немам прекршено ништо, би ве замолил да останам со своето семејство, бидејќи моето семејство е моето срце“, рече Пепиќ пред судот.

И неговиот адвокат Еленко Миланов изјави дека нема конкретни и поединечни причини кои би оправдувале промената на куќниот притвор во притвор.

Кризата на вредности влијае негативно на балансот помеѓу императивот за слобода и потребата за безбедност, стеснувајќи го либералниот простор на современо конципираните општества.

повеќе

Mора да се научиме како да ги градиме политиките кои ќе водат кон осврт на сите теми важни за градење позитивен мир, но и реторички да останеме конзистентни на она за што се залагаме.

повеќе

Во изминатите 24 години откако Македонија и САД воспоставија официјални дипломатски односи, македонско-американските трговски врски растат бавно, но сигурно.

повеќе