Поради непочитување на мерките

Без растојание на иста маса седеле гости кои не биле семејство, ОЈО предложи казна

Основното јавно обвинителство Скопје бара од Кривичниот суд да казни угостителски објект поради непочитување на мерките против ширење на коронавирусот. Имено, при извршена контрола меѓу масите не било запазено пропишаното растојание и на иста маса седеле лица кои не се членови на семејство.

Основното јавно обвинителство Скопје денеска информира дека до Основниот кривичен суд Скопје поднело Предлог за издавање казнен налог против едно физичко лице – управител и едно правно лице – угостителски објект, заради сторено кривично дело „непостапување според здравствените прописи за време на епидемија" од член 206 од Кривичниот законик.

Обвинетиот како одговорно лице – управител на правното лице не постапил според одлуките за мерки за спречување на внесување и ширење на коронавирусот донесени од Владата на Република Северна Македонија со кои се регулира работењето на угостителските објекти и начинот на послужување гости. При контрола од службени лица, било констатирано дека во објектот не се почитува пропишаното задолжително растојание помеѓу масите и дека се даваат угостителски услуги на четири лица седнати на иста маса а кои не се членови на семејство, што е спротивно на донесените здравствени прописи, велат од ОЈО Скопје.

Обвинителството на Судот му предложи на управителот на правното лице да му изрече парична казна во висина од 100 дневни глоби при што вредноста на една дневна глоба да се определи во висина од 20 евра во денарска противвредност, додека пак за правното лице предложена е парична казна во износ од 100.000 денари.

Овогодинешниот процес во одлучување по конкурсот за финансирање на проекти за игран филм е селективен, корумпиран и компромитиран,

повеќе

Во споредба со 2019 година, просечното време поминато на социјалните медиуми во 2020 година се зголеми за рекордни 100% на сите платформи.

повеќе

Ковид-19 може да нѐ научи битни лекции за животот - дека почитта кон другите човечки суштества не е во честа која им ја даваме со пружање рака и тапкање по грбот, туку во суштинската грижа за нивната добробит и здравје.

повеќе