ИРЛ, ХКЧП и МЗМП ќе соработуваат во интерес на вистината

Бесплатна правна помош за граѓаните чии блиски починале во Жан Митрев по хемофилтрација и болнички бактерии

По објавувањето на истражувачкиот документарен филм „Нечиста крв", граѓаните кои имале ист или сличен проблем како семејството Брезеви, започнувајќи од утре ќе добијат бесплатна правна помош од Mакедонско здружение на млади правници и Хелсиншкиот комитет.

ИРЛ, Македонско здружение на млади правници и Хелсиншки комитет за човекови права денеска се договорија за бесплатна правна помош за граѓани кои имале проблем со здравствениот систем во земјава. Оваa соработка за помош доаѓа откако беше објавено новинарското истражување на Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ)„Нечиста крв". По емитувањето на епизодата, до редакцијата на ИРЛ пристигнаа стотина пријави од граѓани со исто и слично искуство како семејството Брезеви од Велес. Пријавите се однесуваат на повеќе приватни и државни болници во земјава.

Истражувачката репортерска лабораторија е составена од мал тим и оперира со ограничени ресурси, а со понудената правна помош од Македонско здружение на млади правници и од Хелсиншкиот комитет сите пријави на граѓани ќе може да се обработат во побрз временски период.

Граѓаните ќе добијат иницијална правна помош, застапување односно помош за поднесување на кривични пријави, како и мониторинг на судски случаи.

По пријавувањето, граѓаните ќе добијат правен совет и во зависност од околностите, ќе добијат помош при иницирање кривични постапки, доколку има индиции дека е сторено кривично дело, помош при изработка и поднесување претставки пред другите надлежни институции и засилен граѓански мониторинг на случаите кои ќе влезат во судска постапка.

Граѓаните може да се обратат на следните адреси, а сите случаи ќе влезат во заедничка база на податоци:

ИРЛ – Булевер Илинден 47-2, 1000 Скопје; +38976302307; [email protected].

Хелсиншки комитет за човекови права – ул. Наум Наумовски Борче 83, 1000 Скопје; 02/3119-073 и 072/278-436; лица за контакт: Наташа Петковска [email protected]; Ина Џугуманова ina.dzugumanov[email protected]; Тона Карева [email protected]; Славица Анастасовска [email protected].

Македонско здружение на млади правници – ул. Донбас 14-1/6; тел. 02/3220-870, моб. 072/223-963; лице за контакт: Весна Дишлиоска, [email protected].

 

На 6 октомври 1946 година почна носењето на моштите на Гоце Делчев од Софија во Скопје, столицата на слободна Македонија.

повеќе

Постои нужна потреба од прилагодување на студиските програми, соодветните силабуси и наставниот курикулум на реалната потреба на пазарот на труд во државата.

повеќе

Во текот на оваа и претходната година, инфлацијата ја задуши македонската економија. 

повеќе