Беља и Демири добија по 19 години затвор за убиството на Саздо

Обвинетите Бесир Беља и Скендер Демири се осудени на по 19 години затвор за убиството на Никола Саздовски-Саздо. Судот, исто така ги задолжи двајцата обвинети да му исплатат на оштетеното семејство Саздовски надомест од околу 10 милиони денари.Случајот почна на 9 ноември минатата година и го води судијката Даниела Алексовска-Стојановска.

„Се водеше постапка за најтешкото кривично дело убиство и штетата не може да се поправи, изгубен е млад човечки живот. Изразувам длабоко сочувство до семејството на починатиот Саздовски. Во период од 5 ипол месеци судот ја спроведе постапката за овој предмет. Ценејќи ги сите докази поединечно судот ја утврди фактичката состојба за настанот“, рече судијката Даниела Алексовска пред изрекување на пресудата.

На 7 февруари годинава беше извршена реконструкција на убиството на Саздовски во присуство на сведоците и вештите лица на автобуската постојка во Автокоманда.

Според обвинителниот акт, Беља и Демири заедно со Ј. Љ. (19), кој е во бегство, на 29 јуни минатата година крвнички го претепале Саздовски на автобуската постојка пред фабриката „Алкалоид“ на булеварот „Александар Македонски“ во Автокоманда.

Од здобиените повреди, Саздовски на 9 јули 2018 година почина на Клиниката за анестезија, реанимација и интензивно лекување – КАРИЛ во Клиничкиот центар „Мајка Тереза“.

Двајца од напаѓачите, Бесир Беља и Скендер Демири, се во притвор во затворот „Скопје“ во Шутка, а за третоосомничениот, кој сè уште е недостапен за органите на прогонот, е распишана домашна и меѓународна потерница.

Основното јавно обвинителство за смртта на младиот Никола Саздовски - Саздо тројцата осомничени ги гони за кривично дело „убиство на свиреп начин“, дело кое пред преквалификацијата се водеше како „насилство“.

Ваквата одлука ОЈО ја образложи со тоа што во текот на истражната постапка биле обезбедени вербални и материјални докази, односно биле испитани повеќе сведоци, бил прибавен обдукцискиот протокол од Институтот за судска медицина, криминалистика и медицинска деонтологија, а особено по изготвеното судско-медицинско вештачење извршено по наредба на јавен обвинител од страна на истиот институт.

К.Д.

Тоталното разочарување од сите мејнстрим политички елити, вклучувајќи ги и зелените, континуирано води кон отуѓување на граѓаните, за што доказ е се помасовното бојкотирање на изборните процеси.

повеќе

Помина времето кога политиката беше „шаховска борба“ на политичките актери, која неретко се одвиваше далеку од очите на јавноста и беше доста неразбирлива за обичниот гласач. 

повеќе

Државата треба повеќе да се вклучи во промовирање на младинско претприемништво како економска активност која би помогнала за намалување на невработеноста.

повеќе