Коалиција сите за правично судење

Бавно се изготвуваат супервештачењата во судските постапки, за некои се чека речиси по цела година

Основниот кривичен суд во Скопје за два судски предмети сè уште чека супервештачење. Едно од супервештачењата и по изминати повеќе од 300 дена сè уште не е изготвено, додека пак другото се изработува повеќе од 100 дена. Овие податоци ги соопшти Коалицијата „Сите за правично судење“.  Кога Обвинителството има вештачење за одреден предмет, а вештачење понуди и другата страна, односно обвинетите и двата наоди се разликуваат, тогаш се изготвува супер вештањето кое Судот треба да го земе предвид во текот на судскиот процес. Коалицијата „Сите за правично судење“ укажува на бавност на изготвување на оваа важна документација во судските постапки. 

Според објавеното за случајот Ласкарци 315 дена трае изработката на супервештачењето, односно наредбата е издадена на 11 ноември, минатата година. Изработката на супервештачењето за случајот „Тендери“ трае 110 дена, а наредбата е издадена на 6 април, годинава.

Обвинети во случајот за несреќата кај Ласкарци се Дурмиш Белули, сопственик на компанијата „Дурмо турс", одговорниот за транспорт во фирмата, Ремзи Мифтари, и возачот на автобусот Маноил Трифуновски, кои се товарат за сторени тешки дела против безбедноста на луѓето и имотот во сообраќајот, додека тројцата вработени во станицата за технички преглед, Игор Ѓорѓиевски, Горан Дуковски и Јане Боварски, се товарат за соучество во истото дело. Судскиот процес за несреќата започна во септември 2019 година.

Супервештачењето кое го нарача Судот во декември 2021 година беше одбиено од факултетите од државава, со објаснување дека нивните вешти лица веќе учествувале во претходното вештачење, а Техничкиот факултет во Битола своевремено дополнително извести и дека го вратиле предметот бидејќи нивните лиценцирани вештачи за машинство се стручни само за енергетика и не можат да вештачат моторни возила.

Од Кривичниот суд потоа информираа дека контактирале со Универзитетот во Штип и Машинскиот факултет во Скопје, од каде што биле известени дека тие немаат доволно лиценцирани вешти лица за сообраќајни возила кои не учествувале во претходните вештачења. Откако факултетите одбија, предметот беше испратен во Бирото за судски вештачења кое има можност да формира тим од лиценцирани вешти лица кои ќе направат супервештачење.

Според обвинението поднесено од поранешното СЈО, пак, за случајот „Тендери" во временскиот период од јуни 2011 година до 05.08.2011 година, во Скопје, првообвинетата Елизабета Канческа Милеска, како службено лице министер и вработените во Министерството – службените лица второобвинетата Л.Л.Ц. како член на Комисија за јавни набавки и третообвинетата Ј.У. како претседател на Комисијата за јавни набавки, со искористување на своите службени положби и овластувања, при вршење на јавни набавки, како соизвршители прибавиле за економскиот оператор ГТД Б. Ш. АД Ш. корист што се состои од незаконско повластување – фаворизирање за изведување на завршни градежни и градежно-занаетски работи на објектот Музеј на македонската борба за државност и самостојност – „Музеј на внатрешната македонска револуционерна организација и Музеј на жртвите на комунистичкиот режим" во Скопје.

Одлучната изборна победа на италијанската десница овозможува нејзиниот лидер да биде првата жена премиер во Италија и прва која тврди дека недвосмислено има постфашистичко потекло.

повеќе

Нов фронт за работа на градежните фирми на веќе изградените згради (и куќи) треба да биде топлинската изолација.

повеќе

Во Македонија не постои никаква забрана за конверзиона терапија, а лиценцираните психолози што може да се јават како спроведувачи или наведувачи на ваква „терапија“, за жал, не сносат никакви последици.

повеќе