Обвинетиот во завршни зборови

Барам ослободителна пресуда будејќи обвинението за „Тврдина-Таргет“ е конфузно и неосновано, вели Јакимовски

„Обвинението е неосновано, конфузно и не е поврзано. Не е поткрепено со вистински докази,  ои би го потврдиле кривичното дело кое ми се става на товар и не може да истрпи елементарна правна критика, а не пак осудителна пресуда, порача денеска во завршниот збор за случајот „Таргет-Тврдина", ексначалникот на Одделот за координација во УБК, Тони Јакимовски.

Јакимовски побара од Судот да донесе ослободителна пресуда, бидејќи, како што рече, кривичните дела за кои се обвинува, не се кривични дела според закон.

„Го молам Судот да ги цени и олеснителните околности дека сум семеен човек, татко на две полнолетни деца и дека во текот на мојот работен стаж во Армијата и во УБК немам ниту една дамка во кариерата и целиот свој работен век сум го посветил на зачувување на безбедноста на државата, изјави Јакимовски.

Изнесените тези во обвинителниот акт од аспект на времето, местото и начниот на извршување на делото што му се става на товар, Јакимовски ги оцени како целосно паушално дадени, како и дека во постапката во целост се докажало дека ова обвинение е неповрзано и непоткрепено со докази.

„Со изнесените докази не се докажа обвинението како сум ги пречекорил овластувањата и надлежностите. Обвинителството ниту со материјални, ниту со вербални докази не покажа како сум ги прекорачил службените должности при предлогот за формирање Комисија, одлуките на Комисијата и при присуството на местото на уништувањето. Обвинителството, не докажа дека вредноста со која се претпоставува дека е причинета штета на буџетот е поголема од еден денар. Со ниту еден доказ, не се докажа дека со потпишување на акт не учествувам во негово архивско заведување и проследување до назначениот адресар. Обвинителството, во својот завршен збор, спомена и уништување на докази, за кои пронашле траги при претресот на канцеларијата. Со таквите паушални докази и замени на тези, ЈО во ниту еден момент не покажа дека сум ги злоупотребил службената положба и сум ги пречекорил овластувањата“, рече Јакимовски.

Јакимовски, исто така ги отфрли и наводите дека немало потреба од ништење на „Најс трак" системот, за кој рече дека постојат докази дека не ги исполнува очекуваните задачи и не соодветствува со напредокот на телекомуникациските технологии, поради техничка застареност и нефункционалност.

!Не е точно дека Горан Грујевски заедно со Тони Јакимовски ги уништиле системите и причиниле штета на Буџетот со тоа што евидентно е дека во обвинителниот акт, намерно или случајно е претставено, дека е доставен „предлог за попис, разходување, ништење и бришење од евиденција заради техничка застареност и нефункционалнсот на системите", туку е доставен акт во кој како предмет е напишано „потреба за формирање на Комисија за попис, расходување и ништење од евиденција и задолжување заради техничка застареност и нефункционалност на системите" што суштински пртествува многу голема разлика. Вистината е извртена и е сосема погрешно поставена фактичката состојба“, изјави Јакимовски.

Во однос на вредноста на опремата, Јакимовски, посочи дека од доказите е јасно дека по пет години вредноста на системите е еден денар, односно за системот „Веринт“ во 2007 година и за „Најс трак" во 2014 година.

Претходно денеска, завршни зборви за случајот даде и екс министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска, која порача дека нејзината совет е чиста и дека кривичното дело кое Јавното обвинителство и го става на товар не го сторила и побара ослободителна пресуда.

Во однос на обвинението кое и се става на товар од Јавното обвинителство, дека им помогнала на Горан Груејвески и Тони Јакимовски за уништување на опремата за прислушување со тоа што го потпишала решението за формирање на комисијата, Јанкуловска рече дека станува збор за апсурдна теорија, што не е поткрепена со ниту еден доказ.

Судењето по овој предметот започна на 22 декември 2017 година.

Според обвинителниот акт, преку три системи за следење на комуникациите во УБК, во периодот од 2008 до 2015 година незаконски биле следени 4.286 телефонски броеви за кои воопшто не биле издадени судски наредби, а 1.541 број и по завршување на траењето на важноста на судските наредби. Прислушувани биле над 20 илјади граѓани.

Обвинителството, во завршен збор на минатото рочиште, посочи дека и покрај сите пречки со кои се соочувале во истрагата успеале да докажат дека обвинетите ги извршиле делата за кои се товарат и побара максимални затворски казни.

Процесот го води судијката Џенета Бегтовиќ, а застапници на обвинението се Ленче Ристовска и Трајче Пеливанов.

МИА 

После десетици години се решава холдингот, неданочните давачки и царинските тарифи значајни за бизнисот.

повеќе

Целиот свет гледа на 2021 година како на година на заздравување на економијата.

повеќе

Не треба толку да се грижиме за тоа дали се искачуваме на табелата, туку повеќе треба да внимаваме на тоа дали навистина се справуваме, истражуваме и ги гониме оние кои се занимаваат со корупција.

повеќе