По давањето исказ за „Рекет“

Азманов тврди дека Боки 13 му се заканувал со документи од СЈО и од Финансиска полиција

Бизнисменот Зоран Азманов денеска беше во Јавното обвинителство, каде даде исказ во врска со случајот „Рекет“, а по излегувањето оттаму кажа дека во обвинителството бил да го дополни исказот.

Азманов изјави дека Бојан Јовановски, еден од осомничените во „Рекет“ му се заканувал дека ќе објави документи од СЈО и од Финансиската полиција, а заканите му ги упатил во телефонски разговор и тоа во периодот кога се најавувала емисијата Македонски инсајдер на 1 ТВ, чиј неофицијален сопственик беше Боки 13.

Според Азманов „Рекет“ е несреќен случај, во кој Бојан Јовановски ја користел моќта на медиумот за да изнудува пари.

„Најавата на таа емисија беше безобразна, без да ти дадат право да кажеш ни еден збор во одбрана. Во телефонски разговор го прашав од каде имаш ти право да правиш таква емисија и од каде имаш сознанија дека јас сум градежната мафија, а немам ниту еден бизнис со државата,  тој ми рече да не се секирам затоа што имал информации од Финансовата полиција и од СЈО, ги имал сите документи и немал потреба ништо да истражува“, рече Азманов по распитот во Обвинителството за организиран криминал и корупција.

Претходно денеска за „Рекет" исказ даде претседателката на Собранието на Меѓународниот сојуз, Агапи Дика.

Во случајот „Рекет“ што го отвори Обвинителството за организиран криминал освен Бојан Јовановски , осомничени се и Зоран Милевски-Кичеец, како и специјалната јавна обвинителка Катица Јанева. Сите тројца се во притвор. 

 

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе