Пред судскиот и обвинителски комплекс во Скопје

„Аваја“ маршираше против полициско насилство врз Ромите

По донесувањето на пресудата од Кривичниот суд за случајот со полициска бруталност во Битола, според која полицискиот службеник е осуден на една година затвор, граѓанското движење „Аваја“ организира марш за правда. Маршот започна пред Кривичниот суд во Скопје од каде беше порачано Апелациониот суд да ја прифати одлуката на Кривичниот и таа да стане правосилна.

„Денеска Ромите се борат за своите права и се собравме во име на сите жртви на полициска бруталност, во името на сите оние кои молчеле, на сите оние кои се плашат да говорат јавно за насилството, на сите оние кои не ја добиле правдата во судските постапки и за сите оние кои и никогаш не стигнале да ја имаат можноста за судска постапка“, рече Марија Сулејманова.

Од Основниот Кривичен суд Скопје протестот продолжи пред Основното јавно обвинителство каде што пред присутните се обрати, Селвије Мустафи. Таа упати порака до Јавното обвинителство за подеднакво третирање на пријавите против полициските службеници со останатите пријави.

„Денеска сме тука пред ОЈО бидејќи, веќе една година не е процесирана нашата кривична пријава против тројцата полицајци, ја следиме нивната работа и бараме да се процесира нашата поднесена кривична пријава против нив“, порача Сулејманова.

Како што е познато, минатата година во септември, во Битола обвинетиот полицаец Гоце Петковски при обезбедување на место на сообраќајна несреќа, го совладал Невзад Јашаровски. По завршувањето на судскиот процес, Судот констатира дека полицаецот употребил прекумерна сила и го понижил Јашаровски и изрече ефективна казна затвор од една година за полициски службеник за прекумерна употреба на сила.

Во саботата во јавноста го претставивме предлог-ребалансот на Буџетот за 2022 година, откако истиот беше усвоен од страна на Владата.

повеќе

Наспроти сесловенскиот и општоевропскиот карактер на нивната дејност, Кирил и Методиј станале објект на присвојувања уште од средниот век.

повеќе

За пишувањата на Хари Костов за проблемите на државата – ако компетентен човек зборува за нефункционирањето на правната држава, кое има директен одраз врз економијата, не може тоа да се заврши со охридскиот уличен жаргон.

повеќе