Второстепениот суд со спротивна одлука за ист случај

Апелацискиот суд ја укина, па ја потврди затворската казна за дедото на Тамара

Апелацискиот суд во Скопје ја потврди првостепената одлука со која дедото на малата Тамара која почина чекајќи операција на рбетот, Љупчо Стојановски од Велес беше осуден на 7 и пол години затвор. Оваа одлука што ја донесе второстепениот суд е сосема спротивна од првата донесена од истиот овој суд. Ако сега апелациските судии се согласни со одлуката на кривичните судии, првиот пат истиот овој суд ја укина, па ја врати пресудата на повторено судење. 

„Пресудата е недоволно јасна и разбирлива, а во образложението не се содржани доволно причини за решителните факти во однос на постоењето на предметното кривично дело и кривичната одговорност на страна на обвинетиот“, пишуваше во првата одлука на Апелацискиот суд во Скопје.

Во повтореното судење она што дополнително беше направено е реконструкција на целиот настан во кој дедото на починатата Тамара пукаше во поранешниот министер за здравство, Никола Тодоров. 

Оваа пресуда со одлуката на Апелацискиот суд е правосилна и во моментов осудениот Стојановски се наоѓа на издржување на затворска казна.

Стојановски се обиде да пука врз Тодоров на денот кога тој требаше да ја предаде министерката функција на 1 јуни, 2017 година. 

Неговата внука, малата Тамара Димовска почина пред повеќе од четири години, чекајќи операција на рбетот во странство, за што Основниот кривичен суд води процес против лекарите и членовите на комисијата.

К.Д.

ЕУ, свесна за демократскиот дефицит на земјите од Западниот Балкан (но и останатите, претежно економски проблеми), како да тежнее кон формирање блиски, но и специфични односи со овој регион, без полноправно членство.

повеќе

Нарушени се човековите права и слободи, нема владеење на правото и правосудството, кои треба да бидат основа на процесот.

повеќе

Поентата на глобализмот е максимално економско вмрежување во десетици економски сојузи на секоја држава.

повеќе