Апелацискиот суд ги укина притворите за Драги Рашковски и Трајко Вељаноски

Апелацискиот суд Скопје вчера ги укина мерките куќен притвор за Драги Рашковски и за Трајко Вељаноски, дознава МКД.мк.

Во случајот со поранешниот генерален секретар на Владата Драги Рашковски судот ја прифати понудената гаранција од 192.980 евра во недвижен имот. На Рашковски определени му се мерки на претпазливост и тој секој понеделник ќе мора да се јавува во Основниот кривичен суд Скопје и провремено му е одземен пасошот се до правосилноста на пресудата во случајот во кој тој е обвинет за злоупотреба на службената положба и овластување и перење пари.

Трајко Вељаноски, поранешниот претседател на Собранието, е во куќен притвор за случајот Организатори на 27 апприл за кој од првостепениот суд е осуден на шест години и шест месеци затвор.

A.Д.

Здруженост, сплотеност и поврзаност на луѓе, друштва, организации и институции кон една заедничка цел или поради заедничка причина. 

повеќе

Неколку години при здрав разум сакаат да ни наметнат и да нѐ убедат дека со соседна Бугарија сме имале заедничка историја. 

повеќе

Деновиве во Комората пристигна нацрт-концептот за даночни реформи, кој треба да претставува основа за јавна расправа во наредниот период.

повеќе