Одбиени жалбите на одбраната

Апелацискиот суд ги потврди пресудите за Диво Насеље: 7 доживотни затворски казни и 13 казни од по 40 години затвор

Апелацискиот суд Скопје ги одби жалбите на обвинетите и нивните бранители и во целост ја потврди првостепената пресуда за случајот со терористичките напади во Куманово, потврдуваат од второстепениот суд за МКД.мк. Одлуката е донесена по три месеци откако беше одржана јавна седница на која се разгледуваа жалбите на првостепената одлука која ја донесе судијката Верка Петковска. Со потврдувањето на одлуката од второстепениот суд пресудата е правосилна. 

Петочлениот совет судии од второстепениот суд донесе одлука да ја потврди во целост одлуката на судијката Петковска од Основниот кривичен суд.

Основниот суд Скопје 1 на 2-ри ноември 2017 година изрече седум доживотни затворски казни за обвинетите од Диво Насеље, на 13 обвинети им изрече единствена затворска казна во траење од 40 години, шестмина се осудени на затвор од 20 години, еден обвинет доби 18 години затвор, двајца затвор од 14 години, двајца 13 години, а четворица поради немање докази се ослободени од обвиненијата.

Од вкупно 37 обвинети тогаш во судница пресудата ја слушнаа само четворица.

Другите обвинети одлучија да го бојкотираат судењето и да излезат од судницата.

Образложението на судијката Верка Петковска по изрекувањето на пресудата беше дека доказите што ги понуди обвинителството покажале дека обвинетите што се прогласени за виновни ги сториле кривичните дела тероризам и терористичка организација, дека доказите јасно ги утврдуваат приликите поради кои обвинетите дошле во Македонија, начинот на кој тие влегле во земјава, како се засолниле и како во групи се обиделе да се префрлат во Диво Насеље во Куманово, каде што на 9 и 10 мај 20015 извршија терористички напад, во кој загинаа осум полицајци.

К.Д.

Ајде од понеделник да се посветиме сериозно на „носење на Европа" во нашата држава.

повеќе

Улогите на „добар и лош полицаец“ ќе ги играат кон нас уште долго, доколку не сфатиме дека со итроманска политика не се може подалеку од Табановце до Богородица.

повеќе

Неделава, владите на ЕУ повторно решија да го одложат започнувањето на преговорите за пристапување со земјите кандидати Албанија и Северна Македонија, што претставува историска грешка - бидејќи безбедноста и стабилноста на Унијата зависат од трансформацијата на југоистокот.

повеќе