Судска хроника

Апелацискиот суд ќе одлучува по жалбите за случајот Саздовски

Во Апелацискиот суд во Скопје денеска ќе се одржи јавна седница за случајот со убиството на младиот Саздовски што се случи пред две години. И одбраната и обвинителството поднесоа жалби на пресудите.

Предметот во овој суд е по однос на жалбите поднесени од одбраната на обвинетите Бесир Бела и Скендер Демири, кои во април 2019 беа осудени од Кривичниот суд Скопје, со по 19 години затвор за смртта на Никола Саздовски. На ова одлука жалба има поднесено и скопското обвинителство, кое бара максимална казна за обвинетите.

Настанот меѓу обвинетите и Саздовски се случи во јуни 2018 години во автобуската постојка во населбата Автокоманда. Привично младиот Саздовски беше однесен во Клиничкиот центар, но по десетина дена во кома им подлегна на повредите. Освен казната по 19 години затвор, судот обвинетите ги задолжи да платат и парична оштета на семејството Саздовски, за претрпената душевна болка.

Од друга страна одбраната на обвинетите настојува дека во овој настан нема елементи за кривичното дело „свирепо убиство", туку се работи за кривично дело ,,насилство", како што и беше поднесно првичната пријава.

Веќе е јасно дека светот никогаш нема да биде ист по завршувањето на пандемијата и дека последиците ќе креираат нови образовни можности.

повеќе

Време е да се слушнат мислењата на 30-те компании кои најдобро се справуваат со кризата.

повеќе

Мицкоски треба да побара собраниска расправа за односите со Бугарија или во перцепцијата на јавноста ќе биде изедначен со Заев. Лидерските средби не се институционална форма.

повеќе