Одлука на судот

Ангела Ѓорѓиевска осудена на 19 години затвор за помагање во убиството на Пино

Затворска казна од 19 години денеска доби Ангела Ѓорѓиевска за убиството на Пинета Секондо Пино. Судијката Ленка Давитковска ја прогласи за виновна дека помогнала во извршување на убиството што се случи на 11 декември 2018 година, а неговото тело беше пронајдено во април 2019 година во атарот на селото Љуботен.

Пино беше пријавен за исчезнат во декември 2018 година, а по околу 5 месеци неговото тело во распаѓање беше пронајдено во близина на селото Љуботен.ОЈО Скопје, по целосно прибирање на материјалните и вербални докази, го поднесе обвинителниот акт на 19 септември 2019 година, со кој ја обвини Ангела дека како соизвршител, задно со лицето А.Ф. го сторила кривичното дело – Убиство од член 123 став 1 од Кривичниот законик.

Надлежен јавен обвинител во постапката докажа дека критичниот ден, обвинетата го повикала оштетениот, сега починатиот Пинета Секондо Пино, и договорила да се сретнат на насипот во населбата Ѓорче Петров. Таму веќе бил пристигнат и другиот осомничен со возило Опел Аскона, носејќи со себе огнено оружје – пушка. Тој го оставил неговото возило на насипот и седнал да управува со автомобилот Шкода со кое до насипот дошол оштетениот. На совозачкото место седнала обвинетата, додека оштетениот седнал на задното седиште. Тројцата се упатиле по обиколница кон атарот на селото Арачиново и во една нива започнале најпрвин вербална расправија, а потоа и тепачка. Во еден момент осомничениот со пушката го застрелал во главата оштетениот Пинета Секондо, соопштија од ОЈО Скопје.

Според Обвинителството, обвинетата дала значително придонела за извршување на делото, така што овозможила да се сретнат, го повикала оштетениот, била присутна во моментот на неговото убиство, а потоа заедно со другиот осомничен го ставиле телото на починатиот во багажникот на возилото. Заедно тие се упатиле кон гробиштата во селото Сингелиќ, а потоа се движеле низ планината кон Љуботен. На едно место здогледале дупка, па обвинетата и нејзиниот соизвршител го оставиле телото во дупката, покривајќи го со крупни овални камења.

За осомничениот А.Ф. поради недостапност на органите на прогонот постапката е прекината. За негово пронаоѓање јавниот обвинител презема интензивни дејствија.

Судијата при изрекување на пресудата истакна дека во одредување на казната биле земени предвид олеснителните и отежителни околности кои надвладеале бидејќи обвинетата Ангела Ѓорѓиевска во текот на судењето никогаш не покажала каење. 

За преродба требаат само три чекора: промена на изборниот модел, укинување на мега и квази државниот апарат заедно со сите паразити во него и економски план за ревитализација на земјата.

повеќе

Нашиот капацитет за справување со општи кризи е ограничен. Дали здравството е немоќно, или ние не можеме да се прилагодиме на промени?

повеќе

 За базата во Ново Село, Бугарија не добива ни долар за закупнина, а отворени се и бројни прашања за животната средина.

повеќе