Сведочејќи за „Рекет“

Ана Камчева: „Беа во прашање ситни банкноти, од по 50, 100, 200 и 500 евра“

Обвинетата специјална обвинителка Катица Јанева немаше прашања за сведокот Ана Камчева. Во нејзино име неколку прашања на Камчева ѝ поставија адвокатите Ирена Фрчкоска и Дељо Кадиев.

Нивните прашања се однесуваа на тоа дали Јанева некогаш директно побарала пари од Камчева, како и дали била присутна на средбите за кои сопругата на Орце Камчев тврди дека се делеле пари.

На ова Камчева одговори дека Катица Јанева материјално од неа директно не побарала ништо и дека не била присутна на средбите кога се делеле пари, туку побарала само таа да не се појавува во СЈО за да не привлекува внимание.

Следната дилема на која се бараше да одговори Камчева беше околу несесерот од 350.000 евра за кој Камчева тврди дека Јовановски ѝ ги побарал, а таа му ги однела откако ѝ ги дала нејзината свекрва Ратка Камчева.

Во своето сведочење сопругата на Камчев зборуваше дека се работело за ситни банкноти, на што тогаш реагирал и Јовановски.

На ова таа доби прашање од адвокатите на Јанева во какви апоени биле парите што му ги предала на Боки, на што одговори „Имаше пеески, стотки, двестотки и петстотки“.

Адвокатот Кадиев на тоа праша „Дали се ова ситни банкноти за Вас?“, а Камчева одговори „не“.

Ваквите прашања ја налутија Русковска, која стана и ја праша Камчева: „Дали 350.000 евра за вас се ситни пари?“

На што доби кус одговор „не“.

Обвинетата Јанева на ова ѝ се изнасмеа, коментирајќи нешто со својот адвокат и гледајќи во Русковска.

Адвокатите на Јанева на судијката ѝ најавија дека Камчева повторно ќе ја повикаат како сведок во судница, но тоа ќе се случи откако ќе ги пуштат снимките што ги имаат како доказ во оваа постапка.

К.Д.

Мора да се пристапи кон воведување нови мерки за поголема контрола на лицата кои поседуваат нелегални пари.

повеќе

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе