Реакција

Амзоски од „Дрим билдинг“: Не плативме за повлекување обвинение, парите си ги бараме од Боки 13 и од Мандиќ

Најостро ги отфрламе сите шпекулации дека Ардијан Амзоски и фирмата „Дрим билдинг“ на Боки 13 му платиле 261.853 евра за специјалната обвинителка Катица Јанева да го повлече обвинението против нив, се вели во соопштението на „Дрим билдинг“.

Jaсна Мандиќ

„Фирмата ’Дрим билдинг‘, во сопственост на таткото на Ардијан Амзоски, Селадин Амзоски, и на Ресул Лога, склучила договор за стратешко партнерство и деловна соработка со Меѓународниот сојуз на ден 28.12.2017. Договорот во име и за сметка на ’Дрим билдинг‘, со уредно полномошно, го склучува Ардијан Амзоски. ’Дрим билдинг‘, согласно тој договор се обврзал да плати износ од 261.853 евра на Меѓународен сојуз т.е. на координаторот на проектот лицето Јасна Мандиќ. ’Дрим билдинг‘ ги исполнил во целост своите обврски од договорот, а за жал Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ не го испочитувале договорот. Бидејќи Меѓународниот сојуз и Јасна Мандиќ одбија доброволно да ги вратат парите кои им беа платени, 'Дрим билдинг' поднесе тужба пред Основниот граѓански суд во Скопје“, се вели во соопштението на компанијата.

Во петокот на судењето за предметот „ТНТ“, каде што Амзоски е оштетена страна, обвинетиот ексградоначалник на Гази Баба Тони Трајковски побара изземање на Јанева бидејќи, како што кажа тој, се сомнева дека Амзоски му платил 260 илјади евра на Боки 13, осомничен во „Рекет“, за Јанева да му го повлече обвинението во „ТНТ“ за рушењето на „Космос“, каде што Амзоски бил инвеститор.

Од „Дрим билдинг“ велат и дека наведените факти може лесно да бидат проверени од надлежните државни органи и поради тоа го повикуваат Тони Трајковски, како и одредени медиуми и политички партии повеќе да не шпекулираат.

Деликатна јазична авантура е ако се излезе од основното и утврдено значење на зборовите и се прејде во сферата на жаргонот и колоквијалноста.

повеќе

Плаќањето на вработените на час наместо месечно помага да се зголеми нивната плата со тоа што ќе се вреднува работното време поефикасно.

повеќе