Обвинителот не докажал дека таа го сторила кривичното дело

Актерката Стојановска е ослободена за транспортот на дрога, го праша судијата дали навистина е слободна

Актерката Силвија Стојановска е ослободена од обвинението за транспорт на дрога. На повторното судење, откако Апелацискиот суд го врати предметот, судијата Огнен Ставрев посочи дека јавниот обвинител не докажал дека Стојановска го сторила кривичното дело.

„Вие можеби сте биле препродавач, но тоа го нема во обвинението", кажа Ставрев.

„Скроз сум ослободена?", праша Стојановска.

„Па трипати Ви кажувам", одговори судијата Ставрев.

„Па добро судија имам право да прашам", рече актерката Стојановска.

„Силвија возбудена сте", и посочи Ставрев.

„ Судот ве ислуша сите вас и ги спроведе сите докази кои се во оваа постапка предложени и изведени и секако ги имаше во предвид напатствијата од Апелација, во однос на обвинетата. Тоа го анализираше судот, со сите докази, како што беше наведено. Обвинетата Силвија Стојановска, се ослободува од обвинение. Обвинителот не докажа дека сторила кривично дело, надвор од разумно сомневање. Мерките на претпазливост остануваат до правосилност на пресудата", кажа Огнен Ставрев.

Апелацискиот суд претходно донесе одлука со која ја укина првостепената пресуда каде актерката беше осудена на 3,6 години затвор.

Според второстепените судии, не се докажала поврзаноста помеѓу првообвинетиот Воислав Будисављевиќ кој е осуден на седум години затвор и актерката Силвија Стојановска, а за конкретното кривично дело.

Самата идеја на странските директни инвестиции е да донесе нови вработувања со повисоки плати кои треба да ги исплаќа странскиот инвеститор.

повеќе

Треба да се размисли за тоа дека сите предлози и промени кои доаѓаат од Брисел, не можат ефикасно да се применат и во Македонија и да се дејствува во правец на благосостојба на граѓаните, а не само на профитите.

повеќе

Предложеното законско решение се фокусира на аудиовизуелниот/радиодифузниот сектор, игнорирајќи ги последниве две децении на развој на дигиталниот домен и на интернет, со сите негови позитивни и негативни страни.

повеќе