За транспорт на кокаин

Актерката Силвија Стојановска осудена на три и пол години затвор

Актерката Силвија Стојановска денеска е осудена на три и пол години затвор, а нејзиниот партнер Воислав Будисавјевиќ на 7 години затвор. Пресудите се неправосилни. Обвинението ги товари за транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија.

Будисавјевиќ останува во притвор, додека Стојановска од денеска е на слобода до правосилна пресуда, со определени мерки на претпазливост, oдземен пасош и редовно јавување во судот. Во притвор и куќен притвор помина повеќе од година дена.

Според обвинението, Стојановска и Будисавјевиќ организирале транспорт на 700 килограми кокаин од Колумбија во Шпанија. Во меѓународната операција „Колибри" во Македониија беа уапсени Будисавјевиќ и Стојановска, а три лица, дел од групата,во Шпанија.

„Во текот на истрагата обвинителството утврди дека во периодот од јули до 18 декември 2019 година обвинетите, заедно со тројцата обвинети во Кралството Шпанија, од кои едниот е македонски државјанин, брат на првообвинетиот, како и повеќе лица, зеле учество во неовластено купување, пренесување и продавање кокаин во вкупна количина од 698.758,1 грама. Обвинетите подготовувале и организирале неовластено купување, превезување и сместување на кокаинот од Колумбија до Мадрид, Кралството Шпанија, и барале купувачи на неа", се велеше во информацијата на обвинителството.

Обвинетите меѓусебно комуницирале со користење енкрочат телефонски мобилни уреди и мобилни апликации со заштитени канали, а користеле и уред за детектирање евентуална полициска инсталација и дигитални преноси за примена на посебни истражни мерки.

Стратешко партнерство на македонската влада со Зока енерџи солушнс, компанија регистрирана за обработка и отстранување на опасен отпад, не е правилен начин за решавање на проблемот во мала држава како Македонија.

повеќе

Цивилизацијата би можела да се дефинира како глутница која има рационална потреба да ги легитимира и образложи своите колежи, грабежи и узурпации.

повеќе

„Сакајќи ја Америка и должејќи ѝ ја првата верност нејзе, ние ќе бидеме безвредни синови и ќерки на Америка ако немаме љубов во нашите срца за почвата што нè хранеше во нашето детство, за јазикот што го зборуваме и што го немаме заборавено...“

повеќе