Ако пратениците одлучат, ќе прифатам да бидам уставен судија, вели Јовески

Чест е да се биде уставен судија и тоа е највисокиот дострел на секој правник, вели Државниот јавен обвинител Љубомир Јовески и додава дека ќе ја прифати оваа функција доколку пратениците одлучат дека тој треба да биде избран. 

Јовески, моментално е на Меѓународна конференција во Санкт Петербург, Русија, за „Улогата на обвинителствата во заштитата на индивидуалните права и јавниот интерес во светло на препораките од Европската конвенција за човековите права", заедно со јавниот обвинител од Вишото јавно обвинителство Скопје Елвин Вели и основниот јавен обвинител на Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција Вилма Русковска.

„Одлуката ја носат пратениците и доколку тие сметаат дека со моето долгогодишно правничко искуство во Министерството за правда, како судија и како претседател на Основниот суд Скопје 2, јавен обвинител, член на Совет на јавни обвинители и државен јавен обвинител, можам да придонесам во работата на Уставниот суд, ќе ја прифатам оваа одговорна функција“, изјавил за ТВ24 Јовески.

Кон крајот на мај годинава им завршија деветгодишните мандати на уставните судии Елена Гошева, Сали Мурати и Никола Ивановски.

Уставниот суд, моментално наместо со девет одлучува со шест судии и претседателката Добрила Кацарска неколкупати јавно порача да се побрза со изборот за судот да има полн капацитет.

Кандидати за уставен судија може да предлага секој член на собраниската Комисијата за избори и именувања. Предлозите кои ќе поминат гласање во комисијата, потоа одат на гласање на пленарна седница.

Насловот асоцира и на резултатите од изборите, кои, кога ќе излезе оваа колумна, ќе бидат познати, иако најретко споменуван збор во кампањата беше зборот ДЕЦЕНТРАЛИЗАЦИЈА, кој е единствен начин за остварување на сите „големи“ ветувања што ги слушнавме изминативе две недели.

повеќе

Опонентите на академик Блаже Ристовски во Македонија го квалификуваа како националист, во белградскитe кругови  го именуваа како „бугарофил“, а во Бугарија го нарекуваа „Југословен“ и „србокомунист“. А тој си остана ист, исправен пред нападите и секогаш подготвен да им одговори на критичарите.

повеќе

Ентузијазмот во првите месеци од годинава во врска со масовната вакцинација беше таков што Србија во март беше прва меѓу европските држави според бројот на граѓани што примија втора доза на милион жители. 

 

повеќе