Ако нема согласност за квалитетен закон за ЈО, подобро е да не се носи, вели Дескоска

Ако немаме согласност за квалитетен закон за јавно обвинителство, подобро е да не се носи отколку да се носи закон само заради закон, изјави денеска министерката за правда Рената Дескоска.  

„Законот за јавно обвинителство не наиде на согласност на соодветни решенија. Со оглед на тоа што веќе е обезбеден трансферот на предметите на СЈО беспредметно е носење на закон за јавно обвинителство којшто би бил со полош квалитет од постојниот, така што тоа го разговаравме и на денешната средба со комесарката Јурова, ѝ ги објаснив аргументите“, изјави Дескоска, одговарајчи на новинарски прашања на маргините на Министерскиот форум ЕУ-Западен Балкан за правда и внатрешни работи, организиран под покровителство на Финското претседателство со ЕУ, што се одржува денеска и утре во Скопје.

Според неа, и експертска јавност и оние коишто се залагаат за градење на соодветен правен систем сметаат дека законот за јавно обвинителство не треба да се гледа само како заокружена обврска, туку таа обврска треба да биде и квалитетно завршена.

„Ако немаме согласност за квалитетен закон подобро е да не се носи отколку да се носи закон само заради закон“, додаде таа.

На прашање во врска со двајцата нови бегалци од предметот „Детонатор“, Дескоска упати на судовите коишто одлучиле за нивното пуштање.

„Кога станува збор за луѓе коишто се пуштени од издржување на затворска казна тоа се прави врз основа на судска одлука. Така што, најсоодветно е прашањата кои се однесуваат зошто некое лице било пуштено а потоа не било вратено, која била проценката да се упатат е на судовите, оние коишто одлучиле за нивното пуштање“, истакна Дескоска.

 

Бидејќи знаеме да се перчиме со секој што потекнал од нашиве простори, дури и до илјадито колено наназад (од Аминта III до Симона Халеп), јас ќе ја искористам приликава за да се погордеам со македонските гени на еден извонреден музичар: Васил Хаџиманов.

повеќе

Коста Абрашевиќ, Гоце Делчев... и десетици илјади современици кои потпишале дека „по род се...", за да можат да патуваат и да работат во ЕУ државите.

повеќе

Наместо ефтини штосови на прес конференциите на СДСМ, ВМРО и ДУИ, на кои во несвест паѓаат само  партиските послушници, нивните лидери треба да одговорат на конкретни прашања.

повеќе