Вчера во Скопје

Акција на полицијата и Обвинителство, приведен разузнавач на АНБ во обид да рекетира бизнисмен

Две лица биле приведени во синоќешната акција на полицијата како дел од истрагата што ја спроведува Обвинителството за организиран криминал. Еден од приведените бил и вработен во Агенцијата за национална безбедност каде директор е Виктор Димовски. МВР ја потврди акцијата и за денеска најави детални официјални информации. Неофицијално лицата биле приведени за уцена.

Огромен скандал е што истражители на Агенцијата за национална безбедност (АНБ) вршеле рекет на бизнисмени, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ. „Прашањето е што барале вработени во АНБ да соработуваат за рекет со криминалното подземје? Заевизмот и луѓето од власта партискиот рекет кој го видовме со Катица Јанева го претворија и во државен рекет овој пат со Агенцијата за национална безбедност. Зошто АНБ наместо да се грижи за националната безбедност се грижи и врши рекет на бизнисмени? Кои луѓе од власта на Заев се вмешани во овој скандал? И зошто нема одговорност за челните луѓе од АНБ?“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Неофицијално, покрај вработениот во АНБ, приведен бил и еден од амнестираните за настаните од 27 април 2017 година во Собранието. Тој беше обвинет за терористичко загрозување на уставниот поредок и безбедноста, но потоа беше амнестиран бидејќи беше во групата обвинети кои директно не учествувале во насилствата.

А.Д.

Ако пак се натури овој бесмислен консензус на Франција, кој ги признава сите емоции на Бугарија, тогаш оваа неспособна власт ќе не одведе подлабоко од сегашниот амбис.

повеќе

Во новите предлози се направени само формални, но не и суштествени промени, во однос на претходниот предлог (кој Владата го нема објавено).

повеќе

Енергетската криза во светот, но и во Република Македонија (РМ), не стивнува иако сме на почеток на летото кога вообичаено има помала потрошувачка на енергија кај нас. 

повеќе