ОРКА: Двајца инспектори проверуваат дали имаме некаква врска со кампањата на ВМРО-ДПМНЕ, а немаме

Проверката на двајца полициски инспектори на компанијата Монт, која е дел од ОРКА холдинг е завршена. Инспекторите ги проверуваа шпекулациите пласирани од СДСМ за поврзаноста на фирми на бизнисменот Јордан Камчев со претседателската кампања на ВМРО-ДПМНЕ за кандидаатката Гордана Сиљановска. ОРКА холдинг демантира каква вило поврзаност со кампњата на ВМРО-ДПМНЕ. 

Еве го во целост соопштението на ОРКА холдинаг. 
„Најостро и со целосна одговорност ги демантираме денешните сенационалистички и неточни информации за полициска акција во фирмата Монт, која е дел од Орка холдингот на Јордан Камчев.
Не станува збор за полициска акција, туку за контрола на двајца инспектори од МВР, на кои им се доставени потребните документи и кои потврдија дека нема ништо спорно во работењето на компанијата.
Ние ја поздравуваме инспекцијата затоа што тоа е во насока конечно да се расчисти политичката и медиумска хајка која се води против приватните компании во Македонија.
Во јавноста се изнесуваат сензационалистички и невистините информации без притоа некој да се погрижи да ја побара за став фирмата за која пишува. Ваквата непрофесионалност и едностраност е против интересите на коректно и правилно информирање на јавноста, а извршува директна штета врз угледот на приватните компании.
Сакаме уште еднаш да демантираме дека ниту компанијата Монт, ниту ОРКА холдинг на каков било начин учествувале во предизборната кампања на г-ѓа Сиљановска на претходните претседателски избори. Маиците од компанијата Монт која работи во областа на текстилната индустрија беа нарачани и набавени единствено на страната на компанијата Полијестердеј со која ние имаме долгогодишна соработка, а која во случајов е наш должник и станува збор за долг за кој веќе имаме испратено опомена пред тужба до должникот. Со понатамошните активности на Полијестердеј по набавката на маиците не сме никако поврзани ниту навлегуваме во истото.
Изнесувањето на информациите во јавноста на овој начин е пример за класична инсинуација, нешто со кое се прават обиди во јавноста да се наруши угледот и името на нашите брендови“.

 

 

Визија на развиениот свет е државните авторитети да го гледаат спортот како средство за подобар економски и социјален развој.

повеќе

Јавните медиумски сервиси треба да бидат столб на демократските општества и примарен извор на информации за сите граѓани.

повеќе

Отповикот или импичментот на претседателот Доналд Трамп од страна на Претставничкиот дом покажува дека членовите на Конгресот на САД прво се партијци, а потоа Американци.

повеќе