Миниатерот за шравда ја посети хрватската Академија за обука на судии и јавни обвинители

Академијата за судии и обвинители е единствена влезна точна во правосудниот систем, смета Маричиќ

Министерот за правда Бојан Маричиќ на првиот ден на работната посета на Загреб ја посети хрватската Академија за обука на судии и јавни обвинители.

Како што соопштија од Министерството за правда, со првите луѓе на Академијата разменија искуства во однос на функционирањето на двете институции.

Министерот Маричиќ истакна дека Академијата за судии и обвинители кај нас е единствена влезна точна во правосудниот систем и како таков претставува клучна институција на која ѝ се посветуваат време и внимание.

Министерот за правда посетата на Хрватска ја продолжува со билатерална средба со хрватскиот министер за правда и администрација Иван Маленица.

Двајцата министри ќе разговараат за продлабочување на меѓусебната соработка во областа правда, како и пренесувања на искуствата на Хрватска во однос на водењето претпристапни преговори за членство во ЕУ.

Србија продолжува да го негира минатото, при што нејзините политички елити ја користат резолуцијата за да ѝ се спротивстават на Црна Гора и истовремено се надеваат дека овој потег ќе им донесе поголема популарност дома.

повеќе

„И, ако милееме ние за својата Татковина, ако во нас има барем капка македонска крв, ако во нас останала искра благороден патриотизам, овојпат треба да се впрегнеме, за да понесеме дел од тежината на едно дело и од жестокото величие на една епоха“.

повеќе

(Овој труд беше презентиран на конференцијата „Геноцидот и неговата превенција во дигиталното доба: предизвици на 21 век“, 19- 23 јули, Барселона, Шпанија.)

повеќе